Конечки манастир
манастир во селото Конче From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Конечки манастир — средновековен манастир во лакавичкото село Конче.[1]
Самата црква на манастирот потекнува од 1366 година, кога биле удрени нејзините темели. Била завршена за пет години, во 1371 година, кога бил довршен и нејзиниот првобитен фрескоживопис.
Remove ads
Историја
Манастирот со црквата го подигнал или обновил големиот војвода Никола Станоевиќ, за време на владеењето на царот Душан. Со една негова повелба од 1366 година, го приложил манастирот во Конче на манастирот Хиландар на Света Гора.[2]
Во 2010 година, била извршена и замена на покривната конструкција на црквата, која била оштетена од неколку последователни невремиња во областа. Обновата била извршена од Заводот и музеј од Штип.[3]
Во 2014 година, целиот манастирски двор бил целосно уреден, биле направени нови патеки и нова влезна порта, преку проект на Југоисточниот плански регион.[4]
Remove ads
Градби во манастирот
Од манастирскиот комплекс до денес се сочувани: манастирската црква, припратата и отворен трем западно од црквата, подигнат во поново време. Од некогашните манастирски конаци кои со децении биле во рушевини, денес се видливи остатоците на ѕидовите, а во манастирскиот двор била подигната импровизирана зграда за потребите на верниците за време на манастирскиот празник, Голема Богородица. Иако манастирскиот комплекс бил ограден со новоподигнати ѕидови, манастирот долго време бил запуштен и без грижа од населението и надлежните локални и државни власти.[2] Во поново време, манастирот започнал да добива нови конаци, а и самиот манастирски двор бил уреден и била изградена нова влезна порта.
Кон северната страна на црквата се наоѓаат остатоците на некогашната средновековна купола-пирг, која го штитела манастирот. Денес, кулата е срушена и целосно обрасната и во многу лоша состојба.[2]
Црква „Св. Стефан“
Црквата „Св. Стефан“ е главната манастирска црква во целиот комплекс, по која е и наречен целиот манастир. Црквата е изградена во 1366 година од страна на војводата Никола Станоевиќ, но не е познато кога и од кој архиjереј била осветена. Познато е дека била фрескоживописувана двапати. Првиот фрескоживопис бил извршен непосредно по изградбата, односно до 1371 година, а од него денес е сочуван само мал дел. Вториот фрескоживопис бил направен во XVIII и XIX век. Иконите во црквата биле изработени од страна на Димитар Андонов Папрадишки и Костадин Вангелов во 1921 и 1922 година.[5]
Црквата има изглед на впишан крст со купола врз осмостран тамбур, кој се издигнува на четири јаки столбови. На источната страна е петстрана олтарна апсида со бифорен прозорец.[2]
Во поново време биле извршени реставраторско-конзервациски интервенции на манастирската црква со што е обновено кубето, а исто така и фасадите на црквата, кои се мошне украсно изведени, каде што преовладуваат тулите во стилот на византиските средновековни цркви.[2]
Remove ads
Галерија
- Поглед на предниот дел на црквата
- Страничен поглед на црквата
- Страничен поглед на црквата
- Поглед на црквата од задната страна
- Конаците во изградба во дворот на манастирот
- Камбанаријата на црквата
- Остатоци од кулата во дворот на манастирот
- Чешма во дворот на манастирот со конаците во изградба во позадина
- Споменик во дворот на манастирот
- Црквата (средина), остатоци од поранешната кула во дворот на манастирот (лево) и конаците во изградба (десно)
- Црквата (десно) со остатоците од поранешната кула во дворот на манастирот (лево)
- Црквата со конаците во изградба и камбанаријата во позадина
- Поглед во дворот на манастирот
- Камбанаријата со црквата
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads