Константин Ласкарис

From Wikipedia, the free encyclopedia

Константин Ласкарис
Remove ads

Константин Ласкарис (грчки: Κωνσταντίνος Λάσκαρης) бил византиски владетел неколку месеци од 1204 до почетокот на 1205.

Кратки факти Константин Ласкарис Κωνσταντίνος Λάσκαρης, На престол ...
Remove ads

Рани години

Константин Ласкарис се родил во благородничко, но не толку познато византиско семејство.[1] Всушност ништо не е познато во врска со него како резултат од настаните за време на Четврта крстоносна војна. Тој добил услуга по женидбата на неговиот брат Теодор во царско семејство, станувајќи зет на царот Алексиј III.[1]

За време на првата опсада на Цариград во 1203 му било дадено да управува со најдобрата војска која била достапна и ги предводел грчките бранители во налети против крстоносците. Никој не бил успешен во спречување на опсадата, па конечно на Константин му било наредено да ги нападне Бургундите кои биле на стража тоа време..[2]

Грците напреднале надвор од градот, но повторно биле вратени назад на портите, без оглед на камењата кои биле фрлани од бранителите на ѕидот врз крстоносците. Константин бил фатен додека јавал на неговиот коњ од страна на Вилијам Невилиски[2] и веројатно го држел за откуп, што била честа постапка во тоа време. Тој бил ослободен, штом бил вплеткан во настаните при втората опсада на Цариград во 1204.

Remove ads

Избран за цар

Откако крстоносците навлегле во Цариград на 12 април 1204 и почнале да го грабат градот, голем број на жители како и остатокот од варанжанската гарда се собрале заедно во црквата „Аја Софија“ за да изберат нов цар, веднаш по заминувањето на Алексиј V од градот.[3]

Двајцата избраници се претставиле - Константин Ласкарис и Константин Дука (веројатно синот на Џон Ангел Дука, истовремено прв братучед на Исак II и Алексиј III.[4] И двајцата настојувале да бидат избрани за владетели, но луѓето не можеле да одлучат помеѓу нив, поради нивната младост, но и поседувањето на воени вештини. На крајот многумина биле избркани и Ласкарис бил избран за цар од страна на преостанатите војници.

Ласкарис одбил да го прифати царскиот пурпур. Предводен од цариградскиот партијарх, Џон X Цариградски, кај Милионот, тој ги повикал сите собрани жители да се спротивстават со сета сила на латинските напаѓачи. Сеедно, толпата немала желба да си го ризикува животот при еден таков едностран судир, па така се обратил на варанжанците за помош. Иако неговата алчност за чест никој не ја прифатил, тие се согласиле да се борат за зголемена плата и така отишол да се спротивстави за последен пат против латинските напаѓачи. Сеедно, варанжанците го изневериле Константин и избегале од латинските војници.[1] Воочувајќи дека сè е загубено, набрзина го напуштил градот во раните часови на 13 април 1204.[3]

Remove ads

Кариера во Никеја

Thumb
Никејската империја во 1204, формирана по падот на Константинопол

Грчкиот отпор против латинските освојувачи започнал речиси веднаш под водство на Теодор I Ласкарис и наскоро бил придружен од Константин. На почетокот биле силно притиснати, а до почетокот на 1205 го загубиле важниот град Едремит од Хенри Фландриски. Теодор бил спремен да го поништи овој неуспех, па така го испратил Константин на чело на голема група војска кон градот.[5]

Хенри Фландриски имал предупредување за нападот преку ерменски извори и ги подготвил неговите сили за да се соочат со Грците. Двете армии се бореле кај битката на Едремит во сабота, 19 март 1205[5] надвор од ѕидините на градот, а резултатот бил масовен пораз за Константин Ласкарис и Грците, со поголемиот дел од војската убиен или заробен.[6]

По оваа битка ништо не се слушнало за Константин Ласкарис, поради што се претпоставува дека бил убиен во поразот или бил заробен.[1]

Семејство

Константин имал шест браќа: Мануел Ласкарис (починал по 1256), Мајкл Ласкарис (починал 1261/1271), Грегориј Ласкарис, Теодор, Алексиј Ласкарис и Исак Ласкарис. Последните двајца се бореле со франките против Џон III Дука и биле заробени и ослепени..[7]

Според „Латините во Левант. Историја на франкова Грција (1204–1566)“ од Вилијам Милер, седумте браќа можеби имале сестра, жената на Марко I Санудо и мајка на Ангел Санудо. Тој ја основал оваа теорија на негово сопствено толкување на италијанските хроники. Сеедно, "Dictionnaire historique et Généalogique des grandes familles de Grèce, d'Albanie et de Constantinople" (1983) од Михаил-Димитри Стурѕа ја негирало теоријата заснована на молкот на византиските примарни извори.[8]

Remove ads

Историска несигурност за крунисување

Главниот извор за избирањето на Константин Ласкарис е очевидецот Никита Хонијат кој го раскажува падот на Цариград во рацете на крстоносците. Сеедно, со оглед на улогата која ја имал Константин од Теодор во 1205, историчари како што се Стивен Рансиман[9] и Доналд Квелер[10] тврдат дека всушност Теодор, а не Константин, бил во Аја Софија тој судбоносен ден и Теодор бил тој кој бил избран и го наследил Алексиј V.[11]

Оваа неточност, плус фактот дека Константин останал некрунисан значи дека тој секогаш не се вбројува меѓу византиските цари.[11] Кога станува збор за Константин Ласкарис значи дека не секогаш е нумериран. Ако тој се смета за „Константин XI“, Константин XI Палеолог, последниот цар, ќе се смета како Константин XII.[12]

Remove ads

Наводи

  • Canduci, Alexander (2010), Triumph & Tragedy: The Rise and Fall of Rome's Immortal Emperors, Pier 9, ISBN 978-1-74196-598-8
  • Harry J. Magoulias, 'O city of Byzantium: annals of Niketas Choniatēs', Wayne State University Press, 1984

Белешки

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads