Концентрационен логор Бухенвалд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бухенвалд бил германски нацистички концентрационен логор основан на ридот на Тириншката Котлина во близина на Вајмар, Германија, во јули 1937 година. Тој бил еден од првите и најголемите концентрациони логори во рамките на териториите на Стариот Рајх. Меѓу првите затвореници имало голем број комунисти.


Затворениците биле од цела Европа како и одСоветскиот Сојуз, а меѓу нив имало Евреи, Полјаци и други Словени, ментално болни и инвалиди, политички затвореници, Роми, слободни ѕидари и воени заробеници. Исто така, имало обични криминалци и оние кои нацистичкиот режим ги сметал за сексуално девијантни. Сите затвореници принудно работеле во локалните фабрики за оружје. Недоволната храна и лошите услови, како и намерните егзекуции, довеле до 56.545 смртни случаи во Бухенвалд од 280.000 затвореници.[1]
Кампот стекнал озлогласеност кога бил ослободен од Армијата на Соединетите Американски Држави во април 1945 година. Двајт Д. Ајзенхауер го посетил како командир.
Од август 1945 до март 1950 година, логорот го користеле советските власти како логор за интернација, каде што биле држени 28.455 затвореници, од кои 7.127 починале. Денес, остатоците од Бухенвалд служат како спомен-обележје и музеј.
Remove ads
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads