Координатен почеток

From Wikipedia, the free encyclopedia

Координатен почеток
Remove ads

Координатниот почеток (се означува со O) во еден Евклидов простор е посебна точка што се користи како појдовно место за геометријата на околниот простор. Во Декартовиот координатен систем, почетокот е во точката кајшто се сечат оските. Во Евклидовата геометрија, почетокот може да биде било која точка, на било кое место.

Thumb
Почеток на Декартовиот координатен систем

Најстапени координатни системи се дводимензионалните (опфатени во рамнина) и тридимензионалните (опфатени во простор), составени од две, односно три нормални оски. Почетокот ја двои секоја оска на два дела, наречени позитивна и негативна полуоска. Потоа точките на рамнината или просторот се означуваат со бројчени координати во однос на почетокот (положбата на нивните проекции долж оските, во позитивна или негативна насока). Самиот почеток има нулти координати; (0,0) во две димензии и (0,0,0) во три.

Почетокот на комплексната рамнина е точката кајшто се сечат реална оска и имагинарна оска, т.е. точката што претставува 0 + 0i.

Remove ads

Симетрија во однос на почетокот

Thumb
Овој графикон е „симетричен во однос на неговиот почеток“ бидејќи се пресликува по обете оски (x и y) без да изгледа променет.

Кога еден графикон е симетричен во однос на почетокот, тогаш опишува линија која би била иста доколку ја свртиме за 180 степени. Формално речено, графиконот е симетричен во однос на почетокот доколку се пресликува по x-оската и по y-оската.

Графиците на една обратна функција и нејзиниот спротивен пандан секогаш ја содржат линијата y = x што дефинитивно минува низ координатниот почеток како оска на симетрија.

Remove ads

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads