Коприви
семејство растенија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Коприви (науч. Urticaceae) — семејство еднодомни или дводомни тревести или поретко грмушести растенија или мали дрвја, групирани во 54 до 59 рода со околу 2600 вида (според Кралски ботанички градини, Кју). Најпознат род од ова семејство е родот коприва (Urtica).
Remove ads
Морфологија
Многу членови од ова семејство поседуваат специјализирани влакна на својата телесна површина, кои при контакт со друго тело прскаат и ослободуваат киселина. Листовите кај повеќето претставници се последователни или наспрамни, и речиси секогаш имаат прилисници.
Ситните, еднополови цветови се собрани во цимозни соцветија. Околуцветникот се состои најчесто од 4 до 5 недиференцирани венечни ливчиња, или, пак, може да отсуствува. Машките цветови обично имаат прашници на секое ливче од околуцветникот, ориентирани спротивно од ливчињата. Женските цветови имаат еден толчник со натцветен или потцветен плодник кој се состои од еден базален семенов зачеток на една локула. Устенцето е четковидно и издолжено или капитатно. Плодот е ахенија или костелка, додека кај одредени видови овие се здружуваат и даваат повеќеделен плод.

Remove ads
Родови
|
|
|
Remove ads
Копривите како тема во уметноста
- „Еден лист коприва влегува низ прозорец“ — песна на францускиот писател Андре Бретон.[2]
Галерија
- Pilea cadierei
- Pilea pumila
- Dendrocnide sp.
- Elatostema umbellatum
- Urtica dioica
- Boehmeria nivea
- Parietaria judaica, цветови
- Надразнувачки влакна
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads