Кореџо (град)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кореџо (итал. Correggio) е град и општина во покраината Реџо Емилија (регион Емилија-Ромања) во Италија. Сместен е во долината на реката По. Населението брои 23.108 жители (2007).[1]
Заштитник на градот е Св. Кирин Нојски[2], ан кого е посветена главната црква во градот „Сан Кирино“.
Градот бил седуште на Вероника Гамбара (1485–1550) политички деец и поетеса која владеела со кнежевството (1518-1550) по смртта на нејзиниот сопруг, грофот Џиберто X.
Кореџо е родно место на познатиот ренесансен сликар Антонио Алегри да Кореџо. Во Кореџо живеел и францускиот поет Тигдијал Менон.
Во градот е роден композиторот Клаудио Меруло, рокерот Лучано Лигабуе, маратонецот Дорандо Пјетри (фамозно дисквалификуван на Летните олимписки игри во 1908, како и романописецот Пјер Виторио Тондели.
Remove ads
Галерија
- Кнежевскиот дворец
- Колонада во кнежевскиот дворец
- Театарот Азиоли
- Црквата Св. Кирин
- Згради долж корзото
- Аркада
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads