Косвиг (Анхалт)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Косвиг (германски: Coswig (Anhalt)) — град во округот Витенберг, во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа на десниот брег на реката Елба, околу 12 километри западно од Витенберг и 15 километри источно од Десау.
За други истоимени места, погледајте Косвиг.
Remove ads
Историја

Замокот Косвиг бил првпат спомант во 1187 година. Нема податоци за словенски населби до овој датум. Во 1215 година, Косвиг е наречен Опидиум (Oppidium). Во текот на ова време бил еден од најважните градови, северно од реката Елба. Во XVI век, Косвиг веќе бил поврзан со водоводен систем од Верпен. Земјоделството, ткаењето и рударството биле најважни дејности во економијата. Градот бил скоро целосно уништен од хиспанските трупи во текот на Шмалкаденска војна. Од 1603 до 1793 година, Косвиг припаѓал на Анхалт-Цербст. Замокот бил изграден на крајот на XVII век. Железничката станица била отворена на 10 септември 1841 година. Во 1987 година, градот ја одбележал 800-годишнината од постоењето.
Remove ads
Знаменитости
- Замок Косвиг
- Црква Св. Никола (Nicolaikirche)
- Нова апостолска црква
- Ферибот Косвиг, ферибот низ Елба до Верлиц
- Кула Бизмарк
- Градско собрание
Политика
Излезноста на гласачите од последните избори на 13 јуни во 2004 била 43,6%.
Градски совет: 20 места на следниве партии:
- 7 места - CDU
- 4 места - Linkspartei.PDS
- 3 места - SPD
- 3 места - Bürgerblock
- 2 места - FWG
- 1 место - FDP
Меѓународни односи
Штаталендорф, Хесен, од 1993
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads