Космос-1887
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Космос-1887 — сателит од типот Бион.
Remove ads
Мисија
Бион 8 во својот товар вклучувал биолошки и зрачно-физички експерименти од 9 држави. Слетувањето било неколку стотина километри од очекуваното место, што довело до значителни потешкотии. Биолошката носивост на вселенското летало вклучувало 2 мајмуни, 10 стаорци, овошни муви, скакулци, бумбари, гупи, саламандери, хлорела, пченка. Во изведувањето на 33 експерименти на САД, биле вклучени повеќе од 50 научници од НАСА.
Еден од тие експерименти, бил и изучување на нивото на зрачење во вселенското опкружување, не побарувало употреба на какви било биолошки материјали. САД спровеле само еден експеримент врз приматите на биосателитот. Останатите американски експерименти биле изведени на ткива од петте стаорци кои биле на летот. Дел од експерименитите биле продолжение на претходно извршените експерименти на Спејслаб-3 во април 1985 година. Другите земји вклучени во изведувањето на експериментите на мисијата биле Советскиот Сојуз, Полска, Чехословачка, Источна Германија, Франција, Романија, Бугарија и Унгарија. Европската вселенска агенција исто така извела одредени експерименти. САД биле задолжени за развој на опремата за летот и слетувањето, потврдно тестирање на опремата и експерименталните процедури, развивање процедури за земање примероци од стаорците и пренесување ткива и податоци од Советскиот Сојуз по завршувањето на мисијата. Една од најзначајните особености било споделувањето на биолошките примероци од стаорците, со што се овозможило голем број на примероци од ткивата да се анализираат. Целта на експериментите на САД била да се испита ефектот на микрогравитацијата на различните телесни системи.
Експериментите со приматите биле осмислени за да се проучува растот и развојот на периферниот скелет. Изучувањата на ткивата од стаорците опфатиле широк спектар на дисциплини. Ефектите на микрогравитацијата на срцето, црниот дроб, тенкото црево и коскеното ткиво, функцијата на црниот дроб, растот на скелетот, а нивоата на хормоните и метаболизмот биле испитувани со различни пристапи. Други испитувања биле со цел да се увидат промените во имунолошкиот, нервниот и репродуктивниот систем, во мускулите и сврзното ткиво и во скелетната и минералната биле пренесени во лабораторијата за стаорци. Две макаки наречени Дрема и Јероша биле сместени во лабораторијата за примати.[2]
Remove ads
Детали
- NSSDC ID
- 1987-083A[3]
- Други ознаки
- Биокосмос 8
- Космос 1887
- 18380
- Датум на лансирање/Време
- 1987-09-29 во 12:50:00 UTC
- Маса во орбита
- 6.700 кг
Поврзано
- 1987 година во космонаутиката
- Животни во вселената
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads