Пченка

вид на растение From Wikipedia, the free encyclopedia

Пченка
Remove ads

Пченката (науч. Zea mays) ― значајна житна култура од родот пченка (Zea), семејство треви (Poceae). Потекнува од Америка, односно Новиот Свет, од каде се проширила во Европа и низ целиот свет.

Кратки факти Пченка, Научна класификација ...
Remove ads

Потекло и историја

Индијанците ги учеле колонистите како да одгледуваат пченка, вклучувајќи и неколку видови жолта пченка кои се' уште се популарни како храна, како и видови црвени, сини, розови и црни зрна често свиткани, со точки или пруги, кои денес се сметаат (користат) за украсни во Соединетите Држави и се нарекува индијанска пченка. Високото, едногодишно стебло и големи прави лисја со брановидни краеви. Пченката се користи како добиточна храна, храна за луѓето и како за индустриска обработка. Иако е главна храна во повеќе земји, инфериорна е во споредба со хранливата вредност на другите житарки.

Пченкарните лушпи имаат долга историја на користење во фолклорната уметност за предмети како амалии и кукли. Пченката е едно од најразнесуваните хранливи растеија во светот, по засаденоста е надмината само од пченицата и е најважна житна култура во Соединетите Држави.

Remove ads

Употреба

Пченката е значајна житна култура, која освен во исхраната на луѓето, се користи како суровина во индустријата и за исхранување на домашните животни. Деловите кои не се за јадење се користат во индустријата, стеблото за хартија и ѕидни плочи, лушпата за полнење, кочаните за гориво, за правење на дрвен јаглен и во подготовка на индустриски растворувачи. Пченката најдобро успева во низините и во котлините каде што има доволно влага и топлина. Најпознти области за одгледување на пченка се: Мисисипската, Панонската, Ломбардската, Блашката, Источно-Европската низина, Аргентина, Бразил, Мексико и други.

Најголеми извозници на пченка се Соединетите Држави, Франција и Бразил, а најголеми увозници се Јапонија и Германија.

Повеќе информации ПРЕХРАНБЕНА КУЛТУРА:, Пченка[А] ...
А пченка, слатка, жолта, сирова Б ориз, бел, долгнавест, обичен, сиров
В пченица, тврда Г компир, со лупка, сиров
Д маниока, сирова Ѓ соини зрна, зелени, сирови
Е сладок компир, сиров Ж сирак, сиров
Џ јам, сиров Ш готварска банана, сирова
Remove ads

Производство на пченка во Македонија

Според Заводот за статистика, производството на пченка во Македонија од 2000 до 2019 година, во тони, е следното:[2]

Повеќе информации Година ...

Галерија

Remove ads

Наводи

Loading content...
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads