Косовски Срби

From Wikipedia, the free encyclopedia

Косовски Срби
Remove ads

Косовски Срби или Косовци (српски: Косовци/Kosovci, албански: Serbët në Kosovë) — староседелски и вториот по бројност народ во Косово. Во XXII век столбовите на српската култура и религија на Кралство Србија беа поставени во Косово и Метохија. За да не настане конфликт помеѓу Албанците и Србите во Косово и Метохија, Србите живеат на посебни области надгледувани од чувари на НАТО. Светските организации за човекови права се загрижени околу безбедноста на Србите како малцинство во Косово и Метохија и притисокот на кој се изложени од страна на мнозинството Албанци.

Кратки факти Косовски Срби, Вкупен број на населението ...

Според заводот за статистика на автономната област и половично признатата Република Косово, во 2006 година во Косово и Метохија имало 111.300 Срби (или 5.3% од вкупното население). Во Северно Косово (кое содржи 11% од целата површина на Косово и Метохија) има 98% Срби.

Remove ads

Историја

Со доаѓањето на Словените на Балканот, Косово ќе стане еден од центрите на православието и словенската писменост. За време на средниот век Косово било дел од средновековните српски држави на царот Душан и царското семејство Немањиќи и во тоа време се изградени најголем дел од манастирите на Косово и Метохија, како што се манастирите Грачаница, Дечани итн. Во градот Пеќ во Метохија подоцна ќе биде формирана Пеќската патријаршија.

Со доаѓањето на Турците започнуваат процесите на исламизација и првите доселувања на Албанците на Косово, кои ќе земат пошироки размери кон крајот на XIX век. За време на османската власт Косово се стекнува со статусот Косовски Вилает. За време на Балканските војни, српската војска повторно ќе води битка со Турците на Косово за негово приклучување кон Кралството Србија. Во ова време за Косово се користело името Стара Србија.

Remove ads

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads