Котел

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Котел е голем метален сад, доста длабок, кој се користел за греење вода, вриење алишта, греење голема количина млеко или храна.

Опис

Котелот служел за загревање вода, варење млеко или поголемо количество храна. По форма тркалезен, со конкавно дно, котелот е ѕвончесто проширен надолу. Кон отворот има мало стеснување во врат од кој релјефно се издадени два концентрични круга. Чемберот е едновремено и раб на котелот малку подвиткан нанадвор. На две спротивни страни под самиот раб од надворешната страна со по четири чивии се прицврстени две бакарни алки низ кои се свитканите краеви. Понекогаш имало и декорации, како на самата рачка, така и на самото тело од котелот на надворешна страна. Котелот се јавува од најмали до најголеми димензии и е често применет во Македонија, како во селската, така и во градската покуќнина. Често ги изработувале казанџии.[1] Помалата верзија на котелот се вика котле.

Remove ads

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads