Коцел
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Коцел[1][2] или прцел[3][4] – невестински украс за на глава, направен од природна коса, од волна или од козина. Претставувал продолжение на плетенките на невестата или пак се закачувал за горната невестинска облека. Во Мариово се одликувал со својата тежина, масивност и специфичен начин на носење.[5] Тој бил тежок 4–5 оки (околу 6 килограми), долг до петиците и бил пристегнат со украсени подвески. По свадбата, неговиот крај се прикачувал на појасот и се носел непрекинато 40 дена. Во некои средини, носењето продолжувало и до една година, но само при излегување од дома. Покрај денот на свадбата и првиот понеделник, се носел уште во неколку значајни прилики: при првата посета на родителите, за Прочка и на саботнина. Според Мариовската традиција, коцелот се носел „за да се навикне невестата на тежина“, односно како подготовка за бременоста. Постојаното носење имало и магиско-заштитна функција — да ја заштити невестата од зли сили до раѓањето на првото дете, кога се сметало дека е надминат најризичниот период по венчавањето.
Во Кумановско, покрај коцелот, се носел и опаш од испредена козина, долг до петиците и обликуван во топчест облик. Во Кичевско, се носело приле од сукани црни рески, украсено со низи од стари пари. Во Скопска Блатија, невестите носеле копел, налик на прилето, но потежок, прикачен за појасот, украсен со цвеќиња и метални пари.[6]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads