Кочанска Река (Пиринска Македонија)
река во Неврокопско, Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кочанска Река[1] (Жижевска[2] или Жижовска Река[3]) — река во Неврокопско, Пиринска Македонија, десна притока на реката Доспат. Долга е 15,7 км и одводнува дел од јужните падини на Доспат Планина во Западните Родопи.
Оваа статија се однесува на река во Пиринска Македонија. За истоимената река во Кочанско, погл. Кочанска Река.
Remove ads
Географски опис
Реката извира од карстен извор северно од селото Кочан. Минува низ неговото сретсело, па тече крај с. Жижево и се влева во десниот брег на реката Доспат, на надморска височина од 585 м, 1 км пред второспоменатата да премине во Егејска Македонија. По целото течение Кочанска Река минува низ длабока, слабо пошумена и соголена долина.

Реално почетокот на реката се наоѓа доста посеверно, во месноста Ча(и)рџик и се нарекува Кору Дере, но во месноста Субатак (од турски: су – вода и бат – тонење) реката се влева во неколку езера, навидум немаат очигледен истек. Како понорница оди во пештери и тунели на околу 2 км понајуг во месноста Изора водата од реката одново се појавува во дното на 104-метарска пештера.[1] Опитно е утврдено дека на водата ѝ требаат 10 часа за да се придвижи од езерата Субатак до пештерата Изора. Освен на Изора, водата повторно излегува на површината уште од два поголеми извора.[4]
Водата издлабила бројни пештери и канали во меката варовничка карпа. Попознати се образбите Мечкина Дупка (Меча дупка) и Јанина К’шта (Янина къща). Голем дел од изворната вода е зафатена и се користи за потребите на домаќинствата во селото Кочан.
Порано од главниот извор излегувале 120 л/с, но денес обемот е значително помал. Во минатото реката била полноводна и веројатно се користела за превезување на дрвена граѓа. Денес, во поголемиот дел на годината стои пресушена. Јужно од Кочан е мошне загадена со отпад. Во реката нема риба, освен во најдолното течение.
Remove ads
Притоки

Кочанска Река има неколку поголеми притоки, како и мноштво потоци и кладенци кои се слеваат во неа.
Марулевска Река
Марулевска Река е поголема притока на Кочанска. Започнува од месноста Мараша, а коритото ѝ се полни главно од неколку мочурливи места, како и од неколку кладенци на тоа подрачје. По околу 3 км реката стасува до селото Марулево (Ваклиново) и минува покрај блатната месност Фрлеото. Се влева во Кочанска Река во месноста Жижевски Мост и има вкупна должина од околу 7,5 км.
Remove ads
Карта
Поврзано
- Доспат (река)
- Кочанска Река — истоимена река во Кочанско, Р Македонија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads