Кочанска Река
река во Кочанско, источна Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кочанска Река — река во Кочанско, Источна Република Македонија. Извира од јужната страна на Лопенско Било на Осогово, во месноста Ретки Буки, на надморска височина од 1.630 метри. Во Брегалница се влева кај селото Чифлик, на надморска височина од 295 метри. Реката има развиено извориште со широка долина, која до Кочани е клисуреста, а потоа до вливот тече како рамничарска река. Вкупната должина на Кочанска Река изнесува 34 километри.[1]
Во планинскиот дел прима поголем број притоки, како што се Лопенска, Рамнобрдска и Мала Река. Сите тие доаѓаат од десната страна, поради што Кочанска Река има разгранета, но асиметрична хидрографска мрежа.
Највисок водостој реката има во текот на април и мај кога се топи снегот од високите планински врвови, а најнизок во јули и август, кога врнежите се минимални, а испарувањето поради високите темепратури на воздухот е големо.
Реката има доста голем пад (39,3%) што овозможило во нејзиното корито кај селото Долно Гратче да биде изградена вештачка акумулација, која според селото го добила името Гратче.
Remove ads
Назив
Своето име реката го добила според најголемото населено место низ кое протекува, градот Кочани. Меѓутоа, меѓу месното население таа е позната и како Крива Река.
Потврда за ова наоѓаме и во народната песна „Кочански сејмени“:
Ајде ред се редат мале,
море ред се редат
кочански сејмени, мила мале
кочански сејмени.
Ајде ќе ми одат, мале
ајде ќе ми одат,
покрај Крива Река
мила мале, покрај Крива Река...
Remove ads
Историја
Во јуни 2023 година, во атарот на Облешево, Кочанска Река се излеала.[2][3]
Стопанство
На патот кон вештачкото езеро Гратче, во месноста Бавчалук, се наоѓа воденица стара околу шестотини години, според кажувањето на сопствениците Ангелови. По старите кажувања оваа е Каракашка или Белска воденица. Попозната е под второто име, бидејќи овде најмногу мелеле жито селани од Бели. Веднаш до воденицата минува и најкраткиот пат до Бели. Порано била изградена од плет, а пред Првата светска војна е обновена. Денешните ѕидови и се од пред 130 години. Не работела само од 1963 – 1988 година. Како реткост за овие простори, воденицата често е посетувана од странци. Доаѓал да ја види конзулатот на Австрија, Јапонци, доаѓале научници од Украина од Институтот за сончева енергија. По текот на Кочанска Река, порано имало 27 воденици. Сега има само остатоци од нив.[4]
Галерија
Фотографии се поставени според водотекот на реката.
- Реката во близина на Дуди Ханум џамијата
- Реката во близина на Паркот на Револуцијата и ЦК „Бели мугри“ (се гледа десно)
- Реката и пешачкиот мост во близина на Паркот на Револуцијата и ЦК „Бели мугри“
- Реката кај бул. „Стево Теодосиев“.
- Реката во близина на ОУ „Кирил и Методиј“
- Реката и железничкиот мост
Поврзано
- Кочанска Река (Жижевска Река) — истоимена река во југоисточна Пиринска Македонија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads