Кој се плаши од Вирџинија Вулф?
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кој се плаши од Вирџинија Вулф? — драма од Едвард Олби премиерно изведена во октомври 1962 година. Драмата ги истражува сложените односи на една средновечна брачна двојка, Џорџ и Марта. Доцна една вечер, по факултетската забава, на гости примаат несвесна помлада двојка, Ник и Хани, и ги вовлекуваат во нивната огорчена и фрустрирана врска.
Претставата е во три чина, вообичаено се изведува за нешто помалку од три часа, со две 10-минутни паузи. Насловот е парономазија од песната „Кој се плаши од големиот лош волк?“ од Волт Дизни од филмот Трите прасиња (1933), заменувајќи го волкот со името на прославената англиска авторка Вирџинија Вулф. Марта и Џорџ постојано ја пеат оваа верзија на песната во текот на претставата.
„Кој се плаши од Вирџинија Вулф?“ ја освоила наградата Тони за најдобра драма во 1963 година и наградата за најдобра претстава за 1962–63 од Драмските критичари во Њујорк. Често се изведува на модерната сцена. Филмска адаптација била издадена во 1966 година, по сценарио на Ернест Леман, во режија на Мајк Николс, и со Ричард Бартон, Елизабет Тејлор, Џорџ Сегал и Сенди Денис во улогите на Џорџ, Марта, Ник и Хани.
Remove ads
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads