Коњарка (излетничко место)

излетничко место во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Коњарка (излетничко место)map
Remove ads

Коњарка — излетничко место источно од селото Скочивир.

Thumb
Излетничкото место „Коњарка“

Географија

Низ излетничкото место „Коњарка“ тече Коњарска Река, десна притока на Црна Река. По вливот на Коњарска Река во Црна Река, од север започнува Скочивирската Клисура, најдолгата клисура во Македонија. Од ловниот дом започнува планинскиот пат до Кајмакчалан, долг 25,5 километри.[1]

Уредување

Излетничкото место било целосно уредено од страна на Општина Новаци и претставува едно од најпопуларните излетнички места во овој дел на Македонија.[2] Во јули 2019 година започнало асфалтирање на патот од селото Скочивир до излетничкото место во должина од 3 км, а проектот финансиски бил поддржан од Јавното претпријатија за државни патишта во соработка со Општина Новаци.[3]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads