Кралство Есекс

поранешно кралство во Британија (527 – 825) From Wikipedia, the free encyclopedia

Кралство Есекс
Remove ads

Кралство на Источните Саксонци (староанглиски: Ēastseaxna rīce; латински: Regnum Orientalium Saxonum), познато и како Кралство Есекс ― едно од седумте кралства од англосаксонската хептархија. Кралството било основано во 6 век и ги опфаќало териториите на денешните грофовии Есекс, Мидлсекс, поголемиот дел од Хертфордшир и (накратко) западен Кент. Последен крал на Есекс бил Сигеред од Есекс, кој во 825 година му го предал кралството на Егберхт, кралот од Весекс.

Кратки факти Кралство на Источните Саксонцистароанглиски: Ēastseaxna rīceлатински: Regnum Orientalium Saxonum, Говорени јазици ...
Remove ads

Протегање

Кралството Есекс на север се граничело со реката Стур и Кралството Источна Англија, на југ со реката Темза и Кент, на исток било Северно Море и на запад Мерсија. Територијата опфаќала две провинциски римски престолнини, Колчестер и Лондон.

Источните Саксонци, исто така, одвреме навреме имале контрола врз Сари.[1] Накратко во 8 век, Кралството Есекс го контролирало западниот дел од Кент.

Денешната англиска грофовија Есекс ги има истите историски граници на север и југ, но ја зафаќа територијата источно од реката Леа, а другите територии ги изгубила во 8-миот век за сметка на соседна Мерсија.[2]

Remove ads

Историја

Иако Есекс било едно од кралствата на Хептархијата, неговата историја не е добро документирана и како резултат на тоа, поголем дел од историјата на кралството се смета за релативно нејасна.[3] Во поголемиот дел од постоењето на кралството, кралот на Есекс бил потчинет на господар - различни кралеви од Кент, Источна Англија или Мерсија.[4]

Потекло

Саксонците се населиле на овие територии на почетокот на 5 век.[5] Според британската легенда територијата подоцна позната како Есекс на Саксонците им била отстапена од келтските Британци, по озлогласеното Предавство на долгите ножеви, кое се случило околу 460 г. за време на владеењето на кралот Вортигерн.

Кралството Есекс се зголемувало со припојување на помали подкралства[6] или саксонски племенски групи.

Монархија

Есекс се појавил како единствено кралство во текот на 6 век. Датумите, имињата и достигнувањата на кралевите на Есекс, како и за повеќето рани владетели од Хептархијата, се сведуваат на претпоставки (нема цврсти докази). Прв крал, според Источносаксонскиот кралски список, бил Есквин од Есекс, кој почнал да владее во 527 година. Според други извори, за основач на кралската династија Есекс се наведува След од Есекс.[7]

Христијанство

Најстар англиски запис за кралството датира од Historia ecclesiastica gentis Anglorum од Беде, кој пишува за доаѓањето на бискупот (подоцна свети) Мелитус во Лондон во 604 година. Етелберхт (крал на Кент и господар на јужна Англија според Беде) кој имал одредена власт во Есекс во тоа време, помогнал во покрстувањето на кралот Саберт од Есекс (син на След). Етелбрехт ја изградил црквата Свети Павле во Лондон, каде што денес се наоѓа катедралата Свети Павле. Беде го опишува Етелберхт како господар на Саберт.[8][9] По смртта на Саберт во 616 г.н.е., Мелитус бил протеран и кралството се вратило кон паганството.

Кралството повторно го примило христијанството за време на владеењето на Сигеберхт II Добриот по мисијата на Свети Сед, кој основал манастири во Тилабург и Итанчестер.

Есекс се вратил на паганството во 660 година откако паганскиот крал Свителм од Есекс дошол на власт. Тој се покрстил во 662 година, но умрел во 664 година. Неговите два сина, Сигхере и Себи, го наследиле на престолот. Чумата која избувнала истата година ги натерала Сигхере и неговиот народ да се откажат од своето христијанство и Есекс по трет пат се свртел кон паганизмот. Вулфер од Мерсија ја искористил слабоста на кралството и се наметнал како господар. Беде ги опишува Сигхере и Себи како „владетели […] под Вулфер, кралот на Мерцијците“.[10] Вулфер го испратил Јаруман, епископ од Личфилд, да ги покрсти Источните Саксонци.[11]

Вајн (во 666 година)[12] и Еркенвалд (во 675 година)[12] биле назначени за лондонски бискупи со црковна власт над Источносаксонското Кралство.

Иако Источните Саксонци го изгубиле Лондон (и остатокот од Мидлсекс) во 8 век, бискупите од Лондон имале црковна власт врз Есекс како кралство, шир и округ до 1845 година.[13]

Подоцнежна историја и пропаѓање

Есекс одржувал добри односи со соседното кралство Кент. Како резултат на тоа кралот След стапил во брак со Рикула, сестра на кралот Етелберт од Кент. Накратко во 8 век, Кралството Есекс го опфаќало и западен Кент. Во овој период, кралевите на Есекс издавале свои скеати (монети), можеби како потврда на сопствената независност.[14] Сепак, кон средината на 8-ми век, голем дел од кралството, како и Лондон, потпаднал под Мерсија, а кралството се свело само на крајниот дел, приближно територијата на денешната област.[15] По поразот од мерсискиот крал Беорнвулф околу 825 н.е., Сигеред, последниот крал на Есекс, му го предал кралството кое потоа станало сопственост на кралот од Весекс, Егберт.[16]

Remove ads

Список на кралеви

На следниот список од кралеви може да се изоставени цели генерации.

Повеќе информации Период, Владетел ...
Remove ads

Наводи

Библиографија

Дополнителна литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads