Кристоф Томас Шефлер

германски сликар From Wikipedia, the free encyclopedia

Кристоф Томас Шефлер
Remove ads

Кристоф Томас Шефлер (германски: Christoph Thomas Scheffler; (20 декември 169925 јануари 1756) — германски сликар од периодот на рококото. Најзначаен е по неговите фрески.

Thumb
Портрет на Кристоф Томас Шефлер во профил (гравура, 1745)
Thumb
Таванска фреска во црквата Св. Павлин во Трир

Роден во Мајнбург и научил сликање од татко му Волфганг. Во периодот 1719-1722 г. работел како чирак кај Козма Дамјан Азам. Во 1722 пристапил во монашкиот ред Исусовци како послушник и таму живописал неколку цркви. Во 1728 го напуштил манстирскиот живот и се преселил во Аугсбург, каде што живеел сè до смртта во 1756 г.

Во неговото творештво се вбројуваат фреските во црквата Св. Сесилија во Хојзенштам, дело на архитектот Балтазар Нојман по порачка на семејството Шенборн-Хојзенштам, и фреските во црквата Св. Павлин во Трир, изградена за изборниот кнез Франц Георг фон Шенборн. Фреските во капелата на Тевтонското заповедништво (Deutschhaus) во Мајнц, исто така дело на Шефер, биле уништени во Втората светска војна.

Remove ads

Наводи

Оваа статија содржи информации од преработка од 20 август 2006 од истоветната статија на Википедија на германски.

Надворешни врски

Галерија

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads