Кројцерова соната (новела)
новела на Лав Толстој From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кројцерова соната (руски: Крейцерова соната) — новела на Лав Толстој, именувана по Кројцеровата соната на Бетовен. Новелата била објавена во 1889 година и била цензурирана од руските власти. Делото е осврт, и поглед за неуспешноста на бракот како заедница во која љубовта изумира, а хармонијата меѓу партнерите се претвора најчесто во едно големо недоразбирање и оттуѓување[1].
Remove ads
Содржина
За време на возење со воз, Позднишев слуша разговор за брак, развод и љубов. Кога жената тврди дека бракот не треба да се договори туку да се заснова на вистинска љубов, таа прашува „Што е љубов?“ и посочува дека, ако се сфати како ексклузивна предност за една личност, таа често поминува брзо. Конвенцијата налага паровите да останат заедно, а почетната љубов може брзо да се претвори во омраза. Потоа раскажува како кога бил млад посетувал проститутки и се жали дека женските фустани се дизајнирани да ги разбудат машките желби. Тој понатаму наведува дека жените никогаш нема да уживаат еднакви права со мажите сè додека мажите ги гледаат како предмет на желба, но сепак ја опишува нивната ситуација како форма на моќ над мажите, спомнувајќи колку од општеството е насочено кон нивното задоволство и благосостојба и колкаво влијание имаат врз постапките на мажите. Откако ја запознл и се оженил со својата сопруга, наизменично им менуваат периоди на страсна љубов и жестоки тепачки. Таа раѓа пет деца, а потоа добива контрацептивни средства: „Последниот изговор за нашиот свиреп живот – децата – потоа беше одземен, а животот стана погрозен од кога било“. Неговата сопруга го сака виолинистот Трухатчевски и двајцата заедно ја изведуваат Бетовеновата „Кројцерова соната“ (соната бр. 9 во А-мол за пијано и виолина, оп. 47). Позднишев се жали дека некоја музика е доволно моќна да ја смени внатрешната емотивна состојба. Ја крие својата бесна љубомора и оди на пат, се враќа рано, ги наоѓа Трухатчевски и неговата сопруга заедно и ја убива сопругата со нож. Виолинистот бега: „Сакав да трчам по него, но се сетив дека е смешно да се трча по љубовникот на својата жена во чорапи; и не сакав да бидам смешен, туку страшен“.[2].

Remove ads
Цензура
Откако делото било забрането во Русија од страна на цензорите, нашироко била распространета самизадска верзија. Во 1890 година, Одделот за пошта на Соединетите Држави го забранил испраќањето на весници што содржеле продолженија од Кројцерова соната. Тоа го потврдил и државниот обвинител на САД во истата година. Теодор Рузвелт го нарекол Толстој „сексуален морален перверзник“. Забраната за неговата продажба била укината во судовите во Њујорк и Пенсилванија во 1890 година[3].
Remove ads
Концептот и идејата на авторот
Толстој, сите несогласувања и негирања за ова дело ги објаснил пишувајќи од позиција на длабока религиозност (која ја објаснил во Исповедта во 1882 година), тој истакнува дека не Христос, туку Црквата (која тој ја презирал) го воспоставила бракот. „Идеалот на христијанинот е љубов кон Бога и ближниот, одрекување од себе за да му служи на Бога и на својот ближен; телесната љубов, бракот, значи служење на себеси, и затоа е, во секој случај, пречка во службата на Бога и на луѓето.


[4].
Адаптации
Театар
- Новелата била адаптирана во јидиш-драма во 1902 година од руско-еврејскиот драмски писател Џејкоб Гордин. Американскиот драмски писател Ленгдон Мичел подоцна ја адаптирал верзијата на Гордин на англиски, која дебитирала на Бродвеј на 10 септември 1906 година
- Во 2007 година во Велингтон, Нов Зеланд, било премиерно изведено новоосмисленото театарско дело „Кројцер“, кое комбинирало танц, музика, театар и мултимедијални проекции со двете музички дела (Бетовен и Јаначек) свирени во живо. Сара Броди ја обезбедила адаптацијата, режијата и кореографијата. Преработената верзија била претставена во Окленд во март 2009 година на фестивалот во Окленд.
- Новелата била адаптирана за сцената од Дарко Спасов во 2008 година, а како едночинка е продуцирана во 2009 година за Народниот театар од Штип, Република Македонија, во режија на Љупчо Бреслиски, во изведба на Милорад Ангелов.
- Кројцер на Лора Вејд против. Кројцер е инспириран и од Толстој.
- Новела била адаптирана за сцената од Тед Дикстра и продуцирана како едночинка за ансамблот „Уметност на времето“ од Торонто во 2008 година, и повторно за театарската дружина Soulpepper во 2011 година.
- Ненси Харис го адаптирала романот во монолог во еден чин за театарот Гејт во Лондон во 2009 година, во режија на Натали Абрахами и со Хилтон Мекреј во главната улога. Продукцијата била оживеана во 2012 година во театарот Гејт, а исто така и во Ла МаМа во Њујорк.
- Новелата била адаптирана од Сју Смит за Државната театарска дружина од Јужна Австралија како дел од фестивалот Аделаида во 2013 година. Ја режирал Џорди Брукман, а го играл Ренато Мусолино.
- Адаптација во еден чин од драматургот од Јута, Ерик Самуелсон, била продуцирана од Театар компанијата План-Б и серијата камерна музика НОВА во 2015 година. Се одржувала од 18 октомври до 9 ноември во Центарот за изведувачкиуметности Роуз Вагнер во Солт Лејк Сити, Јута. Режисер бил Џери Рапиер, а играле Роберт Скот Смит, Кетрин Еберле и Џејсон Хардник. Еберле и Хардник биле музичари во симфонијата на Јута во тоа време.
Филм
- Кројцеровата соната е адаптирана за филм повеќе од десетина пати. Некои од нив вклучуваат
- Кројцеровата соната (1911, Руско Царство), во режија на Петар Шардинин
- Кројцеровата соната (1914, Руско Царство), во режија на Владимир Гардин
- Кројцеровата соната (1915, САД), во режија на Херберт Бренон
- Кројцерова соната (1927, Чехословачка), режија: Густав Мачати
- Кројцерсонат (1937, Германија), во режија на Веит Харлан
- Вовед во лудилото (1948, Италија ), во режија на Џани Франчиолини
- La Sonate à Kreutzer (1956, Франција), краток филм во режија на Ерик Ромер
- Креицерова соната (1969, ТВ, Југославија) во режија на Јован Коњовиќ
- Кројцеровата соната (1987, СССР), во режија на Михаил Швејцер
- Quale amore (2006, Италија), во режија на Маурицио Скиара
- Кројцеровата соната (2008,), во режија на Бернард Роуз и со Елизабет Ром во главната улога
- Соната (2013, Шпанија), во режија на Џон Андер Томас
Музика
Новелата, инспирирана од музиката на Бетовен, била и инспирација за гудачки квартет на Леош Јаначек.
Балет
Во 2000 година, Балетот Каролина, со оригинална кореографија на Роберт Вајс и комбинирање на музиката на Бетовен, Јаначек и балетски сегменти
Сликарство
Романот бил инспирација за сликата „Кројцерова соната“ од 1901 година на [[Рене Франсоа Ксавиер Прине, која покажува страстен бакнеж помеѓу виолинистот и пијанистката. Сликата се користела со години во рекламите за парфеми на Табу.
Романи
Романот „Второ лице еднина“ на арапскиот израелски автор Сајед Кашуа од 2010 година ја одгласува „Кројцеровата соната“ сместена во денешен Израел.
Холандската авторка Маргриет де Мур напишала книга наречена „Kreutzersonate“ по гудачкиот квартет на Јаначек, инспирирана од новелата и Бетовен.
Remove ads
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads