Солунски Вилает
административна единица на Отоманското Царство, во периодот 1867-1912 From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Солунски вилает (османски турски: ولايت سلانيك, Vilâyet-i Selânik) — управна единица во Отоманското Царство, основана во јуни 1867 година, со центар во Солун. Постоел во периодот од 1867 до 1912 г.
Remove ads
Население
Во 1885 година во него живееле околу еден милион жители, од кои 51% биле муслимани, 45% христијани и околу 4% Евреи. Според Васил Иванов К’нчов Солунскиот вилает имал 1 164 539 жители. Од нив 454 180 души биле христијани [белешка 1] , 97 620 муслимани, 311 103 муслимани, 1987 Черкези, 153 821 христијани, 920 Власи - муслимани, 28 949 Власи, 59 940 Евреи, 34 098 Роми и 20 710 разни [3]. Врз основа на овие податоци, македонските историчари заклучиле дека во Солунскиот вилает живееле 551 800 Македонци [4][белешка 2]. Од нив 454 000 биле христијани, а 97 620 биле муслимани.
Remove ads
Административна поделба
Во почетокот бил составен од санџаците: Солун, Трикала, Сер и Драма. сè до формирањето на Битолскиот (1873) и Косовскиот (Скопскиот) вилает (1877), во негов состав повремено влегувале и санџаците: Битола, Дебар, Елбасан и Скопје. Во последната деценија на 19 век, Солунскиот вилает ја опфаќал јужна и источна Македонија и се состоел од три санџаци: Солун, Сер и Драма и 26 кази.
Во состав на санџакот Солун влегувале вкупно 14 кази:
- Солун со нахиите Вардар и Каламарија, Ениџе Вардар со нахијата Караџа Абад, Бер со нахијата Агустос (Негуш), Катерина, Воден со нахиите Караџа Абад и Острово, Тиквеш, Велес со нахијата Богомила, Струмица, Дојран, Гевгелија, Аврет Хисар (Кукуш) со нахијата Кара Даг, Лагадинска, Касандра со полуостровот Халкидик и Света Гора со 30 манастири.
Санџакот Сер бил составен од 8 кази:
- Сер, Зихна, Демир Хисар, Петрич, Мелник, Неврокоп, Разлог, Горна Џумаја,
Санџакот Драма бил составен од 4 кази:
Remove ads
Белешки
- Во однос на процентуалната застапеност на населението, К’нчов е по објективен во однос на другите извори, меѓутоа Македонците кај него се во графата Бугари
- Според Александар Амфитеатров во 1901 година во Солун живееле Словени-Македонци, Срби, Бугари, Грци, Албанци, Турци и др. Дека Македонците националисти се надеваат да видат во Солун нов Белград, нова Софија - претстолнина на својата идна автономија, види „Земја на раздорот“, I, II и III глава, „Земја на раздорот“, IV, V и VI глава, прилози.
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads