Крушевац
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Крушевац е град којшто се наоѓа во јужниот дел на Србија. Овој град денес има над 73.000 жители на територијата на градот и околу 131.000 жители на територијата на општината. Општината Крушевац има 101 населби. Крушевац зафаќа површина од 845 км2 и е центар на Расинскиот округ.
Remove ads
Историја

Градот е основан во 14 век, станал престолнина на српската држава за време на кнез Лазар Хребељановиќ (1371–1389), кој изградил двор и црквата Лазарица, пример на моравската школа со орнаменти и фрески. По Косовската битка (1389) и Лазаревата смрт, градот ја губи улогата на престолнина.
Во османлискиот период, откако е освоен во 1454, Крушевац станува административен центар на Крушевачкиот санџак и трговски центар. Ослободен е од Османлиите во 1833 за време на кнез Милош Обреновиќ, а во 19 век се развива како трговски и административен центар на Кнежевството и Кралството Србија.
Во 20 век, особено во социјалистичка Југославија, Крушевац станува индустриски центар со фабрики како „14 октомври“ и „Трајал“. Во Втората светска војна бил окупиран од Германците, а ослободен во 1944 од партизаните и Црвената армија. Денес, Крушевац е познат по културното наследство, вклучувајќи ја Лазарица, остатоците од средновековниот град и споменикот на Косовските јунаци, како и по манифестации како Видовданските свечености. Градот е економски и административен центар на Расинскиот округ, со развиена земјоделство, индустрија и туризам, благодарение на историското значење и блиската планина Јастребац. Името на градот можеби потекнува од реката Крушица, крушките или од каменот „крушец“ користен за утврдувањето.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads