Автомобилски регистарски таблички во Србија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Автомобилски регистарски таблички во Србија
Remove ads

Новата регистерска ознака за моторните возила во Србија, чие издавање започна на 1 јануари 2011 година, е со бела боја, обрабена со црна линија и на неа од левата страна, на сина подлога, со бели букви е испишана меѓународната ознака на Република Србија - СРБ, со црни букви е испишана ознаката на регистерското подрачје, а со црни цифри и букви, меѓу кои е втиснат знакот „-“, е испишан регистерскиот број на возилото.

Thumb
Географска распределба на регистерските ознаки во Србија

Меѓу ознаката на регистерското подрачје и регистерскиот број на возилото е втиснат црвен штит на кој има бел крст меѓу четири помали штитови свртени кон вертикалната греда на крстот. Ознаката на регистерското подрачје на регистерската табличка се испишува и на кирилица под втиснатиот црвен штит.

Регистерскиот број на возилото се состои од комбинација на цифрите од „0 до 9“ на три или четири позиции и комбинации на букви на две позиции.

Димензиите на стандардните регистерски таблички за моторните возила се 520,5x112,9 милиметри.

Remove ads

Ознаки на стандардните таблички

Thumb
Новите регистерски таблички во Република Србија, BG БГ = овде Белград)
Thumb
Старите регистерски таблички на Сојузна Република Југославија, што во Србија се издаваа до 31.12.2010 г.

Ова е список на ознаките на регистерските подрачја (односно региони), што се користат во Република Србија, по азбучен ред.[1]

Повеќе информации Ознака, Регион ...
Remove ads

На Косово и Метохија

Ознаки што порано биле во употреба

Повеќе информации Ознака, Регион ...

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads