Крчин

Планина во Западна Македонија и Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia

Крчин
Remove ads

Крчинпланина во Западна Македонија и Албанија, којашто се протега во продолжение на планината Дешат и е дел од поголемиот венец Шара-Кораб-Дешат-Крчин-Стогово-Караорман, односно таа го претставува најјужниот дел од веригата на планинскиот масив Кораб-Дешат-Крчин.

Кратки факти Крчин, Највисока точка ...
Remove ads

Местоположба

Се протега од Сува Бара (2.080 м) на север, до дното на Дебарската Котлина на југ во должина од 13 км. Има изразено било, од кое се издаваат повеќе врвови преку 2.000 м. Највисок е Голем Крчин (2.341 м), по што следат Рудина 2.238 м, Дели Сеница 2.174 м и Црвена Плоча (2.107 м).[1]

Геологија

Планината се состои од флишни седименти. Кај бањата Косоврасти, варовниците преоѓаат во гипс, анхидрит и сулфурни наслаги. Во околината на бањата Бањиште, тлото се состои од сивобели варовници со дебелина од 300–400 м.

Крчин има најголеми резерви на гипс на Балканот, поради што има и фабрика за негова преработка.

Растителност

На Крчин расте ендемскиот македонски каранфил (Dianthus macedonicus), што може да се најде само на оваа планина.[2]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads