Планина

значајно возвишение над земјишната површина From Wikipedia, the free encyclopedia

Планина
Remove ads
Remove ads

Планина — возвишување на Земјината површина во одредени подрачја коe е резултат на активноста на внатрешните сили во Земјината кора.

Thumb
Врвот K2 на Хималаите
Thumb
Планината Макинли во Алјаска — највисока во Северна Америка

Постојат многу теории за создавањето на планините. Според најновите, тие се резултат на судир на големи плочи на Земјината кора. Сето тоа почнува кога две од овие плочи се одвојуваат и оставаат меѓу нив потонато подрачје. Тогаш таму се таложат седиментите додека нивното огромно количество не предизвика тонење на блокот. Тоа, пак, предизвикува двете плочи да бидат повлечени, но сега во иста насока. Додека се приближуваат, тие го виткаат слојот со седименти, а тој, пак, во горниот дел создава возвишување. На крајот, поради рамнотежа на различните маси на Земјината кора, набирањето оди нагоре и така се создава планински венец. Во други случаи, кога плочите се судираат од друга страна, без да има претходно свиткување, се дига Земјината кора и се создава венец на судир.

Remove ads

Поделба на планините

Планините ги делиме на млади верижни и стари грамадни планини.

Првите се одликуваат со остри врвови и најчесто се многу високи. Тие се помлади бидејќи врз нив уште не дејствувала ерозијата, која, во текот на милиони години ќе одзема материјали и ќе ги изедначува облиците, како да е планината „зарамнета“, а тоа им се има случено на старите планини, кои имаат заоблени гребени, па дури и зарамнети.

Remove ads

Орогенеза

Во текот на долгата геолошка историја на Земјата имало четири големи орогенски циклуси (од грчки oros=гора и genesis=создавање). Како резултат на овие циклуси дошло до создавањето на постојните планини. Последниот од овие циклуси е орогонија алпина, зошто од него се создадени Алпите во Европа, како и денешната структура на Андите во Јужна Америка или Карпестите Планини во Северна Америка.

Планината како тема во уметноста и во популарната култура

Планината како тема во книжевноста

  • „Прошетка во планината“ — расказ на македонската писателка Христина Аслимоска од 2005 година.[1]
  • „Убавината на планината“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[2]
  • „Планина“ - песна на арапскиот поет Ибн Хефаџа.[3]
  • „Тажачка на планината по последниот рис“ — песна на македонскиот поет Славко Јаневски.[4]
  • „Планина“ — песна на Блаже Конески од 1974 година.[5]
  • „Црн врв“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.[6]
  • „Кајмакчалан“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.[7]
  • Волшебниот рид“ - роман на германскиот писател Томас Ман од 1924 година.[8]
  • „Откривање на огниште в планина“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[9]
  • „Будење на гората“ — расказ на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[10]
  • Плачат оние планини за мене“ - роман на македонскиот писател Петар Ширилов од 1965 година.

Планината како тема во музиката

  • „Планинска свирка“ (англиски: Mountain Jam) — песна на американската блуз-група Алман брадерс бенд (The Allman Brothers Band) од 1971 година.[11]
  • „Да одиме во планините“ (српскохрватски: Hajdemo u planine) — песна на југословенската рок-група Бијело дугме (Bijelo Dugme).[12]
  • „Блубел нол“ (англиски: Blue Bell Knoll) — песна од истоимениот музички албум на британската рок-група Кокто твинс (Cocteau Twins) од 1988 година.[13]
  • „Црната страна на планината“ (англиски: Black Mountain Side) — песна на британската рок-група Лед цепелин (Led Zeppelin) од 1968 година.[14]
  • „Планинска линија“ (англиски: Mountain Line) — песна на американската рок-група Мит папетс (Meat Puppets) од 1986 година.[15]
  • „Планини“ (англиски: Mountains) — песна на американскиот поп-музичар Принс (Prince) од 1986 година.[16]
  • „Планина на мојата порта“ (англиски: Mountain at My Gates) — песна на групата Фоулс (Foals).[17]
  • „Планинска песна“ (англиски: Mountain Song) — песна на американската рок-група Џејнс адикшн (Jane's Addiction) од 1988 година.[18]
  • „Ноќ на диско-планината“ (англиски: Night On Disco Mountain) — песна на американскиот рок-музичар Дејвид Шаер (David Shire) од 1977 година.[19]
  • „Можам да поместам планина“ (англиски: Move any mountain) — песна на британската група Шејмен (The Sahamen).[20]

Планината како тема во филмот

Remove ads

Наводи

Loading content...
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads