Кумановско-осоговска епархија
епархија на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кумановско-осоговска епархија — една од 15. епархии на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).
Епархијата е создадена со одлука на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА на 17 септември 2013 година, како една од наследничките на Полошко-кумановската епархија. Епархијата ја возглавува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Григориј. Оваа епархија се протега на територијата на градовите: Куманово, Кратово и Крива Паланка.
Remove ads
Состав на епархијата
Во минатото, во состав на епархијата влегувале следните архијерејски намесништва:
- Кумановско архијерејско намесништво: 60 цркви, 8 манастири, 12 параклиси и 120 крстови.
- Кратовско архијерејско намесништво: 12 цркви, 3 манастири, 9 параклиси и 19 крстови.
- Кривопаланечко архијерејско намесништво: 13 цркви, 1 манастир, 7 параклиси и 50 крстови.
Денес, епархијата е поделена само на Кумановско-кратовско архијерејско намесништво и Кривопаланечко архијерејско намесништво.
Remove ads
Митрополити
Манастири
Најпознати манастири во оваа епархија се:
Издаваштво
Во Кумановско-осоговската епархија се развива активна издавачка дејност, во рамките на која се издава епархискиот тромесечник „Тавор“.
Галерија
Објект на епархијата во близина на црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото Старо Нагоричане
- Поглед на објектот
- Влезот во објектот
- Објектот погледнат од дворот на црквата
- Плоча на објектот
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads