Псачки манастир

манастир во селото Псача From Wikipedia, the free encyclopedia

Псачки манастирmap
Remove ads

Псачки манастирсредновековен манастир кој се наоѓа во селото Псача во областа Славиште. Сместен е на искачување над селото Псача во шума, од каде се пружа поглед на целото Славишко Поле.

Кратки факти Информации, Целосно име ...
Remove ads

Цркви

Историските податоци се оскудни, но се смета дека е изградена во 1354 година. Црквата, како и нејзиниот ктитор властелинот Влатко со неговиот татко кнезот Пасхач се спомнуваат во една повелба издадена на 25 март 1358 година со која им било одобрено црквата да ја приложат на светогорскиот манастир Хиландар[1]. Врз основа на оваа повелба како зачуваните портрети на фрескоживописот на јужниот ѕид во црквата може да се заклучи дека севастократорот Влатко и неговиот татко кнезот Паскач се ктитори на црквата. Најверојатно, од името на кнезот Пасхач потекнува и името на селото Псача. Над западната влезна врата во црквата некогаш постоел натпис за кој се претпоставува дека бил уништен во 1876 година поради тоа што во него се спомнувале кралевите Урош и Волкашин[2]. Портретите на овие владетели се претставени на северниот ѕид, но натписите што се наоѓале до нив исто така биле уништени[2].

Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads