Кумрија Андреева
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кумрија Андреева (Тресонче, 1872 - 1913 ) — македонска револуционерка.
Животопис
Андреева е родена во 1872 година во дебарското село Тресонче. Била постојана курирка во кичевско-галичкиот револуционерен реон. Како курирка, најсовесно ги исполнувала наложените задачи со што ги одржувала во постојана врска четите со законските начелства во реонот.[1]
Во 1913 година, кога Србите го окупирале овој крај, била насила извлечена од куќата, на полноќ, со врзана уста, а потоа била соблечена гола пред црквата „Св. Петар и Павле“ во селото Тресонче и најжестоко мачена по што била убиена и фрлена во една провалија да ја јадат кучињата. Трупот и стоел непогребен три дена.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads