Црква „Св. Петар и Павле“ - Тресонче
црква во селото Тресонче From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Црква „Св. Петар и Павле“ - Тресонче — најстара и главна селска црква во дебарското село Тресонче. Се наоѓа сретсело, па претставува главен православен храм во селото. Црквата претставува пример на типична селска црква која со својата големина ги задоволувала потребите на верниците.
Remove ads
Историја
Соѕидана е во 1844 година по една голема пауза при градењето (најверојатно од околу десетина години), односно додека ктиторот Сарџо Брадиноски бил на заточение во Призрен. Храмот е добро сочуван и повремено служи и за вршење литургии (на Петровден). По содржина црквата претставува најосновен облик на христијанска трикорабна бескуполна базилика.
Грабежи
Во април 2012 година во црквата е извршена кражба при што биле украни два сребрени крста, позлатено Евангелие и околу седум илјади денари.[1][2]
Во февруари 2013 година се случил најголемиот грабеж на црквата, кога биле одземени пет големи и 27 мали икони, дела на тресонечките зографи, оставајќи ја црквата без своето највредно богатство.[3]
Галерија
- Поглед на црквата и камбанаријата
- Поглед на црквата од влезот
- Поглед на црквата од блиската црква „Св. Никола“
- Гробови во дворот на црквата
- Поглед на црквата со камбанаријата (странично)
- Чешма во дворот на црквата
- Табла при влезот на црквата
- Икона пред влезот на црквата
- Табла на благодарност поставена на црквата
- Икона со чума во внатрешноста на црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads