Кура

река Во Закавказ From Wikipedia, the free encyclopedia

Кураmap
Remove ads

Кура (турски: Kura, грузиски: მტკვარი - Мтквари, азерски: Kür, ерменски: Կուր) — река на Кавказ. Извира во североисточна Турција, па тече низ неа, Грузија и Азербејџан, каде ѝ се придружува притоката Аракс, па завршува во Каспиското Езеро. Има вкупна должина од 1.515 км.

39°19′32″N 49°20′07″E
Кратки факти Земји, Регион ...

Кавкаскиот регион е населен уште од најстари времиња, а земјоделство во долината на Кура почнало да се развива пред повеќе од 4.500 години. По течение подоцна се јавиле големи и развиени цивилизации, но во средновековието (околу 1200 г.) населените места се опустошиле поради природни непогоди и освојувања од други народи. Со сè поголемата експлоатација и општетувања на шумите и степите во сливното подрачје, почнале да се јавуваат зачестени поплави, кои имале особен замав во XX век. Во 1950-тите советските власти почнале со изградба на голем број брани и канали. Денес реката е многу побавна и поплитка поради присуството на разни хидроелектрани, а некогаш била пловна до градот Тбилиси во Грузија.

Remove ads

Име

Поимот Кура е поврзан со името на персискиот цар Кир Велики, или пак со зборот кур, кој значи „водосклад“ на стариот говор на Кавкаските Албанци.[7] Грузискиот назив е Мтквари, што или значи „добра вода“, или е грузиска варијанта на мегрелскиот поим тквар-уа што значи „разјадување“, во смисла дека реката течејќи ги разјадува планините).[7] Според некој поимувања, Кура ја исцртува границата помеѓу Европа и Азија.[8]

Remove ads

Течение

Реката извира во североисточна Турција, во долинка на висорамнината Карс[9] на Мал Кавказ. Тече на запад, па на север и на исток, минува крај Ардахан, па влегува во Грузија. Се извива во лак во северозападен правец, и влегува во кањон кај Ахалцихе, каде свртува свртува на североисток и така тече некои 75 км, па ги напушта планините кај Хашури. Потоа се свива на исток, свртува малку југоисточно и така тече 120 км, минува крај Гори, а потоа и кај Мцхета, па тече на југ низ краткиот кањон и по западната страна на главниот град Тбилиси. Оттука теренот станува стрмен и реката го одминува Рустави, па врти на исток кај утоката на реката Храми, навлегувајќи во Азербејџан. Од овде тече по степите и влегува во акумулацијата Шемкир, а потоа и во акумулацијата Јеникенд.[10]

Потоа се влева во акумулацијата Мингечевир (најголема водна површина во Азербејџан). Порано реките Иори (Кабири) и Алазани се влевале во Кура, но денес нивните устија се покриени од езерото. Потоа Кура ја напушта акумумацијата и кривулесто тече на југоисток, каде ја прима реката Тертер во округот Барда и продолжува да тече неколку стотини колометри по широка наводнувана рамница, па врти на исток кај Сарису и набргу, кај Сабирабад, ја прима најголемата притока Аракс. Утоката со Аракс образува голем лак на север, и потоа тече на југ во должина од 60 км, минува по западната страна на националниот парк Ширван, па свртува на исток и се празни во Каспиското Езеро кај Нефтчала.[10]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads