1200
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1200 (MCC) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1200 година од новата ера, 200. од вториот милениум, последна од XII век и прва од 1200-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6708 и 6709 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5950 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4960 и 4961 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1953.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1200 година се протега во 3836 и 3837, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3896 и 3897 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1743. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 596 и 597 исламска година.
Remove ads
Настани
- 1200 година се смета за почеток на династијата која владеела со Тавантинсују.
- На власт на Тавантинсују доаѓа првиот Сапа Инка Манко Капак.
- 24 август - Јован Безземниот се жени со Изабела Анголемеска.
- Ирокезите го нападнале денешниот град Охајо од север.
- Монголците ја освојуваат Северна Кина.
- Универзитетот Сорбона ја прима својата повелба од Филип II Август.
- Бунтовникот Иванко е заробен и погубен од страна на византискиот генерал Алексиј Палеолог.
- Чероките и Катобите војуваат меѓусебно во голема Битка на планината Браун во денешна Северна Каролина.
Remove ads
Родени
- 19 јануари - Доген, основач на Сото (п. 1253)
- ел-Абхари, персиски филозоф и математичар (п. 1265)
- Улрих фон Лихтенштајн, германски благородник и поет (п. 1278)
- Адам Марш, англиски изучувач и теолог (п. 1259)
- Џон Фицалан (п. 1240)
- Матеј Париз, англиски монах и хроничар (приближен датум; г 1259)
- Рабин Исак од Виена, (п. 1270)
- Миндовг, крал на Литванија (приближен датум; п. 1263)
- Вилијам Шервуд, англиски логичар (приближен датум, п. 1272)
- Ингерд Јакобсдетер, данска грофица (п. 1258)
Починале
- 23 април - Џу Си, конфуцијански мислител од времето на династијата Сунг (р. 1130)
- декември - Жилбер Ерај, дванаесеттиот Голем мајстор на витешкиот ред Темплари.
- Жосцелин III
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads