Куско
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
- За други значења на поимот „Куско“, видете ја страницата за појаснување.
Куско (шпански: Cuzco; на кечуански: Qusqu) — град во југоисточно Перу, во близина на долината Урубамба на планинскиот масив Анди. Градот е главен град на регионот Куско и на покраината Куско. Куско има население од околу 348.935 жители и се наоѓа на 3300 метри надморска височина. Градот бил историски главен град и центар на Империјата на Инките и во 1983 година станал дел од светското културно наследство на УНЕСКО.[1]
Remove ads
Потекло на поимот
Името на градот Куско доаѓа од кечуанскиот назив за градот "qusqu wanka" што во буквален превод значи карпа на бувот.
Историја
Куско бил главен град на Империјата на Инките. Се смета дека некаде во 11 век или 12 век бил основан од страна на Манко Капак. Овој град бил кралски и верски центар на Инките.
Збратимени градови
Куско е збратимен со:[2]
Галерија
Храм Кориканча Катедрала во Куско Поглед кон Куско Црква во Плаза де Армас
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads