Кујунџија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кујунџија
Remove ads

Кујунџија[1][2] — стар назив за занаетчија златар, кој изработува или менува (модификува) накит и ситни украсни предмети од злато, сребро и други благородни метали. Овој занает е всушност еден вид уметност бидејќи се прават мали украсни предмети за што е потребно: инвентивност, умешност и прецизност. Порано се користеле едноставни алатки и работата најчесто се работела со рака. Во последно време, модерната технологија се користи за обработка на материјали и изработка на украси. Кујунџиите во својата работа користат и разни видови скапоцени камења. Најчести производи на овие занаетчии се: прстени, бурми, обетки, шноли, брошеви, ѓердани, гривни и слично.

Thumb
Thumb
Кујунџија во Тунис
Thumb
Сцена од претставата Зона Замфирова од 1924 година со приказ на кујунџиски дуќан.
Remove ads

Гравирање

Покрај изработката на украсни предмети, кујунџиите се занимаваат и со гравура, со гравирање на букви, зборови или цели цртежи на нивните производи (или на производот што им се носи). Во последно време, златарите се занимаваат и со украсување на рачни и џебни часовници или метални запалки. Покрај изработката и обработката на украси и накит, златарите од неодамна се занимаваат и со позлатување или посребрување на накит или некои други предмети. Во кујунџиската работилница или златара, освен изработка на накит, се врши и откуп на стар или искршен накит или купуваат стари сребрени или златни монети (купениот материјал подоцна се користи за преработка и изработка на нови предмети).

Во минатото, кујунџиите ги продавале своите производи на панаѓури и собори или на пазар кога било пазарен ден.[3]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads