Куќа на Коруновци (Вевчани)

стара куќа и споменик на културата во Вевчани From Wikipedia, the free encyclopedia

Куќа на Коруновци (Вевчани)map
Remove ads

Куќа на Коруновцистароградска куќа во струшкото село Вевчани прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[2]

Кратки факти Куќа на Коруновци, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Проектант на куќата е вевчанецот Стоjaн Коруноски, кој долго работел во Романија и го следел развојот на тамошната архитектура. Градоначалникот на Турну Северин бил силно наклонет кон него и решил да му го додели проектот за влезниот портал на градската куќа. Откако порталот почнал да претрпува измени, Коруноски решил својата идеја да ја оствари во родното Вевчани. Изработил подробен план и го испратил на своите блиски во Вевчани за изградба. Куќата е изградена во 1924 година.[3]

Била прогласена за значајно културно наследство на Македонија со решение од 30 декември 2011 година од страна на Управата за заштита на културното наследство.[4]

Remove ads

Архитектура

Куќата е поделена на три дела со средиштен чардак и специфична стилистичка обработка која е поврзана со македонските средновековни цркви.[1]

Градбата е изградена од природни материјали (дрво, камен и полна тула) и има приземје и кат. На еден дел од неа, од источната страна, има и подрумски простории со влез од јужната страна. Катовите се изградени од полна тула, освен од северната страна, која е тулно украсување над дрвени прозорци каде катот е од камен. Седишно поставениот чардак на јужната страна на катот е богато украсен со полна тула својствена за средновековните цркви на Македонија и има украсен венец венец под самата стреа. Покривната конструкција е од костеново дрво со повеќеводен покрив. Меѓукатната конструкција исто така е од костеново дрво. Столбовите кои го поврзуваат приземјето и катот исто така се костенови, а истото важи и за сите внатрешни врати.[3]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads