Куќа на Крапчевци
куќа и споменик на културата во Охрид From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Куќата на семејството Каневчеви (Крапчевци) ― староградска куќа во Охрид, заведена како Културно наследство на Македонија под името Куќа на ул. „Маршал Толбухин“ бр. 2.[1] Куќата се наоѓа веднаш на југ од црквата Св. Софија.
Remove ads
Историја
Куќата била изградена во втората половина на XIX век. Овде мајсторите-градители постигнале вистинска хармонија во градбата со неправилна основа што има приземје и два ката од кои секој нареден е поширок од претходниот. Нивната виртуозност особено доаѓа до израз на западната, челна фасада на куќата, при обработката на тимпанот како силна завршница на градбата каде што се чувствуваат извесни барокни влијанија.
Remove ads
Галерија
- Западната страна на куќата во 2005 година
- Куќата во мај 2011 година
- Куќата гледана од северозапад во август 2011 година
- Куќата во 2013 година
- Куќата во 2014 година
- Северната страна на куќата во 2021 година
- Јужната страна на куќата во 2022 година
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads