Куќа на Пешиновци (Вевчани)
стара куќа и споменик на културата во Вевчани From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Куќа на Пешиновци — староградска куќа во струшкото село Вевчани, прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[2]
Remove ads
Историја

Куќата е изградена во 1927 година пред старата Куќа на Плушковци од XVIII–XIX век, со која образува архитектонски комплекс.[3]
Била прогласена за значајно културно наследство на Македонија со решение од 30 декември 2011 година од страна на Управата за заштита на културното наследство.[4]
Архитектура
Градбата е висока куќа со приземје и два ката. Содржи двовисински трем и двоен средишен чардак со изразито издеференциран зимски стан во меѓукатот и летен стан на катот.[1]
Приземјето и првиот кат се изработени од камен, зарамнети со дрвени кушаци во сува ѕидарија. Над прозорците на првиот кат има украси од тули. Вториот кат на исток и запад е од камен, а останатите ѕидови се од полна тула. Над дрвените прозорци има сводесто украсување од тули. Меѓукатната конструкција е изведена со греди од костеново дрво. Покривот е повеќеводен, исто така е од костенови греди, со ќарамиди врз платно од даски. Дрвените покривни конструктивни греди, кои ја образуваат стреата, завршуваат со украси. Внатрешните врати, подови, како и меѓукатното столбиште се од костеново дрво.[3]
Remove ads
Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads