Лав I (цар)
византиски цар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лав I (латински: Flavius Valerius Leo Augustus; роден во 401 г. – починал на 18 јануари, 474 г.) бил византиски цар од 457 до 474. Потекнува од Дакија Аврелијана близу историската Тракија,[1] познат како Лав Тракиски (грчки: Λέων Α' ὁ Θρᾷξ).
Владеејќи со Источното царство речиси 20 години, Лав докажал дека е способен владетел. Тој предвидел многу амбициозни политички и воени планови, главно насочен кон помагање на проблемите на Западното Римско Царство и враќање на поранешните територии. Тој е познат по тоа што бил првиот цар на Истокот кој донесувал закони на грчки, а не латински.[2]
Тој се празнува како светец во Православната црква, со празник на 20 јануари.[3][4]
Remove ads
Царување

Се родил како Лав Маркел во Тракија или во провинцијата Дакија Аврелијана во 401 година на дако-римјанско семејство.[5] Неговото дакиско потекло[6] е спомнато од Кандид Изаур,[7][8] додека Јован Малала верува дека тој бил од бесиско потекло.[7][9] Тој служел во римската војска, достигнувајќи до нивото „комес“. Лав бил последниот од низата цареви кои биле на престолот од Аспар, аланин кој служел како водач на војската сметал дека Лав ќе биде лесна марионета за управување. Наместо тоа, Лав станал многу понезависен од Аспар, создавајќи тензија која ќе кулминира со убивање на другиот.
Крунисувањето на Лав како цар на 7 февруари 457,[10][1] било прво кое го вклучувало и вселенскиот патријарх.[11] Лав I склучил сојуз со Исавриците и успеал да го елиминира Аспар. Цената на овој сојуз била бракот на Лавовата ќерка со Тарасикодиса, водач на Исавриците, кој како Зенон станал цар во 474. Во 469, Аспар се обидел да го убие Зенон[12] и речиси успеал. Конечно, во 471, Аспаровиот син Ардабур бил вмешан во заговор против Лав и двајцата биле убиени покрај палатата од евнуси кои ги исполниле Лавовите наредби.[13]
Лав ги преценил неговите способности и направил некои грешки кои биле закана за внатрешниот поредок на империјата. Балканот бил опустошен од Остроготите, по несложувањето меѓу царот и младиот водач Теодорих Велики, кој бил израснат во судот на Лав во Цариград, каде што се запознал со римската влада и воени тактики. Исто така таму имало и рации од Хуните. Сеедно, овие напаѓачи не биле способни да го заземат Цариград благодарение на ѕидините, кои биле повторно изградени и зајакнати за време на владеењето на Теодосиј II и против истите, напаѓачите не поседувале соодветни справи за опсада.

Владеењето на Лав е важно по неговото влијание во Западното Римско Царство, обележано со неговата средба со Антемиј како цар на Западното Римско Царство во 467. Тој се обидел да го воздигне ова политичко достигнување со експедиција против вандалите во 468, која била поразена поради ароганцијата на Лавовиот зет Василиск. Оваа катастрофа ја исцрпила империјата од луѓе и пари. Експедицијата, која чинела 130,000 фунти злато и 700 фунти сребро, се состоела од 1,113 бродови со 100,000 луѓе, но на крајот загубиле 600 бродови. По поразот, вандалите го пустошеле грчкото крајбрежје до моментот кога било склучено примирје меѓу Лав и Гејсерих.
Лав станал многу непопуларен во текот на последните денови како цар поради укинување на сите не-верски прослави или настани во неделите.
Лав умрел од дизентерија на 73 годишна возраст на 18 јануари, 474 година.
Remove ads
Брак и деца
Лав и Верина имале три деца. Нивната најстара ќерка Аријадна е родена пред смртта на Маркијан (владеел 450 – 457).[14] Аријадна имала помлада сестра, Леонтија. Леонтија прво била вереница на Патрициј, син на Аспар, но нивната свршувачка веројатно била одложена кога Аспар и еден од неговите синови, Ардабур, биле убиени во 471. Подоцна Леонтија се омажила со Маркијан, син на царот Антемиј и Марција Евфемија. Заедно предводеле неуспешен револт против Зенон во 478–479. Тие биле прогонети во Исаврија по поразот.[15]
Непознат син се родил во 463. Тој умрел пет месеци по пораѓањето. Единствените извори за него се хороскоп од Реториј и хагиографија од Даниел Столпник.[15]
„Грузиската хроника“, збирка цртежи од поранешни извори која датира од тринаесеттиот век, прикажува брак меѓу Вахтанг I и принцезата Елена од Византија, идентификувајќи ја како ќерка на претходник на Зенон.[16] Овој претходник веројатно бил Лав I, така приказната алудира на третата ќерка на Лав. Кирил Туманов препознал две деца од овој брак. Митридат од Иберија и Лав од Иберија. Овој постар Лав бил татко на Гуарам I од Иберија. Точноста на овој извор е неопределена.
Remove ads
Поврзано
- Животодавен извор
- Храм на „животодавниот извор“ (Истанбул)
Белешки
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads