Лазарева Ледена Плоча
ледена плоча на Антарктикот From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лазарева Ледена Плоча (руски: Шельфовый ледник Лазарева, англиски: Lazarev Ice Shelf) — дел од ледената плоча на границата на Брегот на Принцезата Астрид во Земја на Кралицата Мод на Антарктикот. Сместена е меѓу островите Ленинградски и Вербљуд. Лежи на западниот дел на Рисер-Ларсеновото Море и долг е околу 90 км, при што на неговиот западен раб е ’ртот Разлом.
Плочата за првпат е снимена од воздух и картиран на Третата германска антарктичка експедиција од 1938–39 г. Понатаму е истражен и картиран од Советската антарктичка експедиција во 1959 г. и наречен по поларниот истражувач Михаил Лазарев (1788 – 1851).[1]
’Ртот Опорни е леден ’рт долж западната страна на Лазаревата Ледена Плоча, околу 28 км северно од островот Ленинградски. Наречен е Опорни („потпорен“) бидејќи тука ледената плоча лежи на морското дно.[2]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads