Рисер-Ларсеново Море
море во Јужниот Океан From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рисер-Ларсеново Море (англиски: Riiser-Larsen Sea) — рабно море на Јужниот Океан над Источниот Антарктик и јужно од Индискиот Океан. Се протега од Астридскиот Срт на запад до Гунерусовиот Срт и гребенот Кајнанмару на исток.[1] Се граничи со Лазаревото Море на запад и Космонаутското Море на исток, опфаќајќи го просторот помеѓу 14° и 30° ИГД. Северната граница ја исцртува 65. јужен напоредник.

Јужно од ова подрачје се сместени Брегот на Принцезата Астрид и Брегот на Принцезата Рагнхилда во рамките на Земјата на Кралицата Мод. Во западниот дел се протега Лазаревата Ледена Плоча, а источно се ледените пристаништа Ерскин и Годел, како и поранешната белгиска станица „Крал Бодуен“.
Remove ads
Име
Морето е наречено во Советската антарктичка експедиција од 1962 г. во чест на норвешкиот воздухопловен пионер и поларен истражувач Јалмар Рисер-Ларсен (1890–1965), но ова име не е признаено од Меѓународната хидрографска организација (МХО),[2] туку се води само во советски и руски карти.[3]
Поврзано
- Рисер-Ларсенова Ледена Плоча
- Рисер-Ларсенов Полуостров
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads