Лакримариј (поезија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
„Лакримариј“ — поезија на македонскиот писател Петре М. Андреевски од 2003 година.
Содржина
Лакримариј е шише во кое европските дворјанки собирале детски солзи за разубавување на лицето. Нашите мајки, пак, ги собирале своите солзи за да имаат што да однесат на гробишта.
Книгата е поделена на три циклуси песни (Лицето на зборовите, Посвети и Колку сме блиску, а далеку), стихозбирката Лакримариј ја обгрнува тагата како естетско доживување на измамничкиот свет.
Протегнати од родокрајот до Далечниот Исток, секоја од песните содржани во оваа збирка може да го носи квалификативот „антологиска“, затоа што зборува со универзален јазик преку кој резигнацијата како очекуван епилог симболично се прочистува таму некаде, на врвот на Фуџи...[1] Според интервјуто со П.М. Андреевски „Лакримариј“ е целото наше колективно паметење кое завлегува и во иднината, во него се собрани сите солзи на народот. [2]
Remove ads
Наводи
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads