Лала Мустафа-паша
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лала Кара Мустафа-паша (роден во 1500 - 7 август 1580 во Цариград) — османлиски државник и голем везир на Османлиското Царство во периодот од 28 април 1580 до 7 август 1580 година. Мустафа-паша за кратко работел како управител на Отомански Египет во 1549 година[1] , а ги извршувал и функциите како бејлербег на Дамаск, учествувал во Опсадата на Малта во 1565 година, во зазимањето на Кипар во 1571.
Неговиот епитет Лала во превод значи учител на султанот односно тој бил учител на синовите на самиот султан. Тој бил познат по својата жестокост кон победените противници, репутација која ја докажал кон Марко Антонио Брагадин, венецијански заштитник на Малта кој наредил да му биде одерена кожата. Во опсадата на Малта наредил да бидат погубени сите бранители и цивилни граѓани на заземаните тврдини од островот. Кога дознал за смртта на Тургут Рејс наредил заробените рицари да бидат соблечени голи, да бидат осакатени, обезглавени и фрлени во морето.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads