Мехмед-паша Соколовиќ

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мехмед-паша Соколовиќ
Remove ads

Мехмед-паша Соколовиќ (турски: Sokollu Mehmet Paşa; околу 1505 — 11 октомври 1579) — Голем везир на Османлиското Царство во периодот од 1565 до 1579 година.

Кратки факти Мехмед-паша Соколовиќ, Голем везир на Османлиското Царство ...
Remove ads

Животопис

Мехмед е роден во Соколовиќи во близина на денешно Рудо од српски родители. Тој потекнувал од скромно овчарско семејство а неговото презиме било добиено според местото на неговото раѓање. Неговото родено име било Бајица а неговиот татко се викал Димитрије. Тој имал двајца браќа и една сестра, како и најмалку еден чичко. Во 1516 година по османлиската експедиција за зимање на деца како дел од девширме бил соберен и идниот визер.

Тој го прифатил името Мехмед и најпрвин престојувал во Едрене а подоцна во Цариград каде го добил своето образование во Топкапи-сарај. Во март 1535 година Мехмед бил испратен во Багдад заедно со Искендер Челебија. По погубувањето на Искендер тој се вратил во престолнината. Зборувал турски, српско-хрватски, персиски, арапски, италијански и латински.

Мехмед учествувал во Мохачката битка во 1526 година и во опсадата на Виена. Во 1546 година на Хајредин Барбароса загинал, а Мехмед бил назначен за негов наследник. Со таа улога бил во поморската експедиција во денешна Либија. За време на неговата петгодишна кариера на оваа позиција, Мехмед-паша значително ја подобрил османлиската флота.

Во 1551 година станал берлејбеј на Румелија со седиште во Софија. Во јуни 1565 година е назначен од султан Сулејман I (1520-1566) за голем везир, а при управувањето на неговиот син Селим II (1566-1574) власта во целина била управувана од него бидејќи султанот не се грижел за ова. Се оженил со Есмихан султан, ќерка на султанот Селим II[1].

Селим II починал на 12 декември 1574 година а неговиот син станал султан Мурат III (1574-1595), кој исто така не пројавил интерес за државните дела, но за разлика од својот татко тој немал таква доверба кон Соколовиќ, чие влијание и власт започнале да слабеат, иако ја задржил функцијата на голем везир.

На 11 октомври 1579 година во Цариград големиот везир бил нападнат од дервиш и убиен.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads