Ланестер

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ланестерmap
Remove ads

Ланестер (француски: Lanester, бретонски: Lannarstêr) – општина во департманот Морбијан, на југозапад од регионот Бретања во Франција.

Кратки факти Ланестер Lanester Lannarstêr, Земја ...

Жителите на Ланестер се нарекуваат ланестерци.

Remove ads

Географија

Ланестер се наоѓа на вливот на реките Скорф и Блаве. Покрај тоа низ него минува и реката Плесис. Негови соседни општини се: Лорјан, Кодан, Енебон, Кервињак и Локмикелик.

Топонимија

Бретонското име на општината е Lannarstêr што доаѓа од Lann-еr-stеr што значи „пустош на реката“.

Историја

Општината Ланестер била создадена во 1909 година со отцепување од општината Кодан. Работниците кои работеле во Лорјан, често со селско потекло, во голем број се населиле со нивните семејства. Иако градот сè уште има работничка традиција, развил исто така битни трговски простори. Еден дел од територијата е рурален иако земјоделската активност замира. Исто како и Лорјан, Ланестер беше многу погоден од Втората светска војна.

Население

Население по години
19111936195419621968197519821990199920082013
7.7298.66811.73716.57119.24521.07421.64322.10221.89722.49021.874

Бретонски јазик

Во 2007 година општината донела план за промоција на бретонскиот јазик. Во 2008 година 5,67% од децата во примарните училишта посетувале двојазична настава.[1]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads