Окрузи во Франција

административна единица во Франција From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Во целина, сите 101 департмани во Франција се поделени на вкупно 332 окрузи (француски: arrondissements)[1].

Административниот центар (главниот град) на округот се нарекува потпрефектура. Ако округот содржи префектура (гл. град на департманот), тогаш тој град игра улога на префектура (на департманот) и потпрефектура (на округот).

Окрузите понатаму се делат на кантони и општини.

Градовите Париз, Лион и Марсеј се делат на „градски окрузи“, кои се разликуваат од окрузите кои се обработуваат во оваа статија.

Remove ads

Управна улога

За управувањето со еден округ е задолжен потпрефект (француски: sous-préfet) кој е помошник на префектот на матичниот департман (préfet).

За разлика од регионите, департманите и општините, окрузите немаат статус на правно лице. Покрај ова, раководителите (потпрефектите) не се поставуваат со избори, туку се назначуваат од преседателот на државата.

Статистика

Најголемиот врој департмани имаат 3-4 окрузи. Департманот Париз[2] и Територијата Белфор имаат само еден, додека пак Мозел има девет.

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads