Ленче Димитрова

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ленче Костова Димитрова (26 март 1926 во Битола — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.[1]

Животопис

Thumb
Ленче Димитрова е носител на Партизанската споменица 1941.

Како младинка, од септември 1941 година и како член на СКОЈ, активно учествувала во НОД. Води скоевски групи во битолската гимназија со кои собирала народна помош, учествувала во организирањето на штрајкот во битолската гимназија (декември 1942 година). Од 1943 година станала курир на партиската организација и партизанските одреди. Во март 1944 година станала борец на Битолско-преспанскиот партизански одред, а потоа во Првата македонско-косовска ударна бригада како санитет. Носител е на Партизанска споменица од 1941 година.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads