Лесичово
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лесѝчово (бугарски: Лесичово) — село во Јужна Бугарија, административен центар на Општина Лесичово во Пазарџичката Oбласт. Има население од околу 795 жители (2022).[1]
Remove ads
Географија и местоположба
Лесичово се наоѓа меѓу крајните падини на Ихтиманска и С’штинска Средна Гора, во долината на реката Тополница. Селото е оддалечено на 29 км од регионалниот центар Пазарџик и на 89 км од главниот град Софија.
Историја
Лесичово учествувало во Априлското востание во 1876 година (тука познато едноставно како Буната), кога практично целото село заедно со колите, покуќнината и добитокот се преместило на врвот Елеџик. Востаниците биле скршени од Турците на 1 мај 1876 година и биле убиени 50-тина Лесичовци, а повеќето куќи во селото биле ограбени и изгорени.
Во 1983 година селото станало општински центар, вклучувајќи вкупно седум села.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads