Леска (Албанија)
град во северозападна Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Леска или Леж (албански: Lezhë) — град во северозападна Албанија со околу 15.000 жители.
Оваа статија се однесува на град во северозападна Албанија. За селото во преспанскиот крај, погл. Леска (Мала Преспа).
Сместен е на левиот брег на реката Дрим околу 9 километри од устието на Дрим во Јадранското Море. Подрачјето е тешко проодно, мочурливо и слабо населено. Леска е значајна раскрсница на автомобилските патишта кои водат кон Драч, Тирана, Скадар и Свети Јован (Шенѓин). Од Леска, Дрим е низводно пловен за помалку бродови, а на брегот на морето се наоѓа Свети Јован.
Remove ads
Историја
Градот бил основан од Дионизиј од Сиракуза, 385 година п.н.е. и од тогаш е викан Лис (латински: Lissus).
Во Првата балканска војна, на Леска на 18 ноември 1912 година, му биле одземени делови од српската Дринска II дивизија и Шумадиско-албанскиот одред. За време на Првата светска војна преку Леска во зимата 1915 - 1916 поминал поголем дел од српската војска при повлекувањето на југ од Србија.
Знаменитости
- Црква „Св. Никола“ наречена и „Црква-џамија“ — историски споменик и мавзолеј на Скендербег
Поврзано
- Lezha Online Архивирано на 26 декември 2018 г.
- Lezha Travel and Tourism Архивирано на 1 јануари 2009 г.
- Shengjini Travel and Tourism Архивирано на 11 мај 2019 г.
![]() |
„Леска (Албанија)“ на Ризницата ? |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads