Лешански манастир
манастир во селото Лешани From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лешански манастир (Манастир „Си Свети“) — средновековен манастир во областа Дебрца, сместен во селото Лешани.
Старата црква на манастирот посветена на „Сите Светци“ потекнува од 1452 година, кога биле удрени нејзините темели на постара црква, која се претпоставува дека потекнува од IX век. Подоцна, била подигната и нова поголема црква посветена, исто така, на „Сите Светци“ веднаш до старата помала црква.
Лешанскиот манастир е единствениот манастирски комплекс посветен на „Сите Светители“ во Македонија, но и на Балканот.[1]
Remove ads
Местоположба
Манастирот се наоѓа во селото Лешани, во областа Дебрца, оддалечен 30-тина километри од градот Охрид. До манастирот води асфалтиран пат, на кој постојат уредно поставени патокази.[1]
Историја
Манастирот бил изградена во 1452 година со удирање на темелите на старата еднокорабна црква посветена на „Сите Светители“ на основа на средновековна базилика од IX век.
Во текот на XIX и XX век, кога имал активен монашки живот, манастирот бил добро одржуван, но по 1971 година, со починувањето на последната монахиња, започнал да пропаѓа и руинира.
Манастирот е тесно поврзан со историјата на Дебрца, па така за време на НОБ, во него се наоѓал штабот на партизанските единици и оттука се планирале ослободителните акции.
Remove ads
Монашки живот
Лешанскиот манастир претставувал женски манастир во текот на XIX и XX век, а сестринското сè до Втората светска војна броела и до 30 монахињи. По војната останала само сестрата Евдокија, која во 1971 година починала и е погребана во манастирот.
Градби во манастирот
Од манастирскиот комплекс до денес се сочувани: старата манастирска црква, заедно со рушевините и темелите на постарата средновековна црква, новата манастирска црква, новата камбанарија налик на црква, новоизградената црква „Покров на Пресвета Богородица“ и конаците.
Црква „Сите Светители“
Била изградена во 1452 година, кога е и живописана. Таа е мала еднокорабна, ѕидана од кршен камен и бигор. Живописот, што го има изведено непознат автор, се издвојува со својот колоритет, што ретко се среќава. Некои фрагменти покажуваат дека црквата е живописана и од надворешната страна. Авторот на живописот влегува во редот на талентираните зографи.
Црква „Покров на Пресвета Богородица“
Новоизградена црква во дворот на манастирот, чија изградба сè уште е во тек.
Remove ads
Галерија
- Манастирска чешма
- Конаците спроти двете цркви посветени на „Си Свети“
- Поглед на манастирот од патот при влезот во селото Лешани
- Старата црква со рушевините од средновековната црква
- Новата црква посветена на „Си Свети“
- Новоизградената црква „Покров на Пресвета Богородица“
- Поглед на апсидите на двете цркви посветени на „Сите Светители“
- Старата црква посветена на „Си Свети“
- Поглед на влезот на старата црква
- Новоизградената камбанарија во облик на црква
- Влезот на новата црква
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads