Лешани
село во Општина Дебрца From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лешани — село во јужниот дел на подрачјето на Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото Лешани се наоѓа во областа Дебрца. Околни села се Велмеј од североисток, Грко Поле, Горно и Долно Средоречие од север и северозапад, Злести од запад и Куратица од југ.
Историја
Подрачјето на Лешани е населено уште во младото камено време, за што сведочи наоѓалиштето Думејнчка Горица северозападно од селото.[2]
Во XIX век, Лешани се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.
Потекло и значење на името
Според едно предание, името на селото потекнува од „Лешок“, еден од тројцата браќа кои на различни страни си ја побарале среќата, а Лешок се населил тука.[3]
Remove ads
Стопанство
Во минатото, освен земјоделството, голем дел од населението било вработено во фабричкиот погон на ЕМО за метални конструкции.[4]
Поради поволните услови, планинска вода и рамно поле, жителите главно се занимаваат со одгледување на компир, грав и пченка.[3]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Лешани имало 450 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лешани имало 480 жители.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лешани е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[8]
Лешани е средно село, но со намалување на бројот на населението. Тоа, во 1961 година броело 769 жители, а во 1994 година 472 жители, македонско население и само двајца жители Срби.
Според пописот од 2002 година, во селото Лешани живееле 484 жители, од кои 483 Македонци и 1 Србин.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 310 жители, од кои 291 Македонец и 19 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
Лешани е македонско село.
Истражување во 1948 година
— Стиснете на [прикажи] —
Истражување во 1979 година
— Стиснете на [прикажи] —
Понови истражувања
— Стиснете на [прикажи] —
Remove ads
Општествени установи

- Основно училиште „Дебрца“ до IX одделение[17], подрачно училиште на ОУ „Дебрца“ - Белчишта
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото претставувало дел од некогашната Општина Белчишта.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Белчишта.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Лешани, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Лешани се наоѓало во некогашната Општина Велмеј, во која влегувале селата Брежани, Велмеј, Грко Поле и Лешани.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1322 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата. Во ова избирачко место е опфатено и селото Грко Поле.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 384 гласачи.[19]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Цркви[20]
- Црква „Сите Светци“ — главна манастирска црква на истоимениот манастир; изградена во 1450 година;
- Црква „Покров на Пресвета Богородица“ — нова манастирска црква во Лешанскиот манастир;
- Црква „Св. Никола“ — градена од 1909 до 1919 година, а осветена во 1920 година. Иконите на иконостасот се изработени од Русалим Крстев од Лазарополе во 1909 година;
- Црква „Св. Петар“ — понова црква, сè уште неосветена;
- Црква „Св. Атанасиј“ — во изградба;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — возобновена во 1979 година.
- Манастири
- Лешански манастир — средновековен манастир
- Археолошки наоѓалишта
- Градиште — утврдена населба од бронзено време
- Думејнчка Горица — населба од неолитско време
- Св. Атанасиј — црква и некропола од средниот век
- Св. Богородица — црква од средниот век
- Св. Петар — црква и некропола од раниот среден век
- Сисвети — црква и некропола од средниот век
- Останати
- Лешанска воденица — воденица во околината на селото прогласена за културно наследство на Македонија[21]
- Змија Дупка — пештера на 2,5 км источно од селото, кај месноста Бозоец
Remove ads
Личности
- Родени во Лешани:
- Здравко Јакимоски - Банар — македонски етнолог, поет, фолклорист и кореограф
- Стојан Ристески — македонски научник
- Ангел Попвасилев — македонски револуционер
- Васил Попангелов — македонски револуционер
- Петар Николов — македонски револуционер
- Славе Банар (5 јануари 1954) — македонски поет и раскажувач
- Крстан Петрев Иловски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
- Дамјан Најдев Сиљановски — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Стојан Ристов Трајчески — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Алексо Силјаноски — македонски партизан
- Кирјан Јанески — македонски партизан
- Тодор Митрески — македонски партизан
- Филип Ристески — македонски партизан
- Ивана Ѓепинкоска (1910-) — учесник во НОВ на Македонија
Потекло
- Александар Митрески — македонски фудбалер.
Remove ads
Култура и спорт
Иселеништво
Постари иселеници може да се најдат во САД.[15]
Од поново време иселеници од селото има во Охрид, Струга, Тетово, Скопје, Битола и во Австралија, САД и Канада.[16]
Галерија
- Панорамски поглед на Лешани од селото Горно Средоречие
- Поглед на селото од црквата во Горно Средоречие
- Улица во селото
- Низ селото
- Поглед на селото од камбанаријата на црквата „Св. Никола“
- Помошниот објект на црквата „Св. Никола“ и дел од селото
- Стара традиционална камена куќа во Лешани
- Главната селска црква „Св. Никола“ со селските гробишта
- Крстот над селото со новоизградената црква „Св. Атанасиј“
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads