Лисест глувчар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лисестиот глувчар (Buteo rufinus) е средно голема граблива птица од семејството на јастребите. Го има во Македонија.
Remove ads
Опис
По надворешниот изглед е сличен на гаќестиот глувчар (Buteo lagopus), но е поголем и поробустен. Лисестиот глувчар е еден од најголемите од видот Buteo. Должината му достига од 50 до 66 см, а има распон на крилјата од 115 до 160 см. Женките, со просечна тежина од 1.3 килограми, се поголеми од мажјаците, кои просечно тежат 1.1 килограм.[2][3] Постојат во многу различни бои, но обично лисестиот глувчар има јасна портокалова нијанса на пердувите, црвена или портокалова опашка, светла глава и претежно е бел под крилјата. Обично има карактеристични црни рабови на крилјата. Задниот дел и „гаќите“ му се темни или изразено бакарни. Поединците се различни по боја, па кај некои перјето е светло, кај други темно. Некои се многу слични со степскиот јастреб, источниот подвид, но лисестиот глувчар има подолги крилја.
Remove ads
Распространетост и живеалиште
Лисестиот глувчар се среќава во сувите и отворени рамнини на северна Африка, југоисточна Европа, Западна и Средна Азија на исток до Кина, и во централна Индија. Последните видувања укажуваат на тоа дека постои мала популација и во регионот на југоисточна Италија. Отворенте, необработени површини, со високи грмушки, дрва и карпи се местата каде гнезди овој вид. Помладите птици се движат северно од територијата за размножување.

Remove ads
Поведение
Исхрана
Лисестиот глувчар се храни главно со мали глодачи, како и со гуштери, змии, мали птици и големи инсекти.

Размножување
Лисестиот глувчар е моногамна птица. Гнездото го гради на земја, карпи и дрвја. Ги користи гнездата на враните, но може да си изгради и свое. Несе 2-5 (обично 3) јајца, бели со многубројни светлокафени точки, и со димензии 60х47 мм. Јајцата ги квачат и двајцата родители околу 28 дена. Подоцна, и двајцата родители почнуваат да ја оставаат храната само на работ на гнездото. Младенчињата го напуштаат гнездото на 42-дневна возраст, а родителите ги хранат уште некое време.

Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads