Личко-сењска жупанија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Личко-сењска жупанија
Remove ads

Личко-сењската Жупанија главно се наоѓа на подрачјето на Лика во западна Хрватска, но го вклучува и северниот дел на островот Паг. Се граничи со Задарската Жупанија на југ, и со Карловачката Жупанија и Приморско-горанската Жупанија на север.

Кратки факти Личко-сењска Жупанија Ličko-senjska županija, Главен град ...
Remove ads

Население

Личко-сењска Жупанија

Според пописот од 2001 година во жупанијата живееле 53.677 жители (1,2% од вкупниот број на жители во Хрватска - најмалку населена жупанија во државата). Густината на населноста изнесувала околу 10 жители на км2.

Етничкиот состав бил следниот: Хрвати 86,2%, Срби 11,5%, Албанци 0,2% и други (1991; Хрвати 59,7%, Срби 37%).

Бројот на жителите низ годините

година на попис 2001 1991 1981 1971 1961 1953 1948 1931 1921 1910 1900 1890 1880 1869 1857
бр. на жители 53.677 85.135 90.836 106.433 118.329 125.677 130.855 172.735 177.055 182.392 186.871 170.084 155.382 165.692 155.467
Remove ads

Извор

  • ЦД-ром: "Насеља и становништво РХ од 1857-2001. године", Издание на Државниот завод за статистика при Република Хрватска, Загреб, 2005.

Географија

Во Личко-сењската Жупанија течат три реки: Лика со должина од 78,1 км (по по која е именувано и Личкото поле, а потоа и целиот регион Лика), Гацка со должина од 55,4 km и Новчица со должина од 29 км.

Највисоки планински врвови во жупанијата се: Вагански врв со висина од 1.757 m и Велики Завижан со висина од 1.676 m на Велебит, а на Плешевица Озеблин со висина од 1.657 m.

Во жупанијата има и доста езера, а најголеми по површина се Крушќица со 3,9 км2 и Плитвичките Езера со 2 км2.

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads